Категории

Зошто интелигентните луѓе потешко наоѓаат љубов?

Изгледа колку е повисока интелигенцијата, толку е поголема оддалеченоста од емоциите. Луѓето кои се натпросечно интелигентни често имаат проблем при започнувањето љубовна врска бидејќи изгледа како сè останато во нивниот живот да им е поважно од неа. Но, тоа е далеку од вистината. Погледнете зошто интелигентните луѓе потешко наоѓаат љубов и што треба да направите за да разберете и задржите ваква личност покрај себе.

1. Не ја сметаат романтичната врска како приоритет

Нивниот живот изобилува со различни можности кои тие лесно ги идентификуваат, па затоа и често имаат одлични идеи како да ги претворат своите цели во реалност. Токму затоа и овие луѓе имаат тенденција да одвојуваат што повеќе време за нивната работа, оставајќи си многу малку време за романтична врска и сè што таа носи со себе.

2. Поважен им е мозокот од убавината

Иако постојат исклучоци, сепак поголемиот дел од интелигентните луѓе повеќе „паѓаат“ на внатрешната убавина, отколку на надворешната. Тие едноставно трагаат по скриената убавина, како и длабочината во карактерот со цел да можат да имаат долги и значајни разговори со оваа личност. Интелигентните луѓе сакаат кога се во врска со маж или жена која ќе го држи нивниот мозок активен, па токму затоа и знаат да бидат многу пребирливи.

3. Ја сметаат својата интелигенција како награда

Нивната интелигенција им дава исполнување кое некои луѓе можат да го добијат само ако се во врска. За овие луѓе, нивните постигнувања се сè што им е важно и токму затоа без сопирање се движат во нивна насока. И покрај тоа што љубовта може да им биде бонус, тие понекогаш ја гледаат како препрека кон тоа што навистина им е важно во животот – нивниот успех.

1 2

Прегледи:
766
Објавено на:
09.03.2016