Категории

Зошто луѓето остануваат во врска во која не се среќни?

Зошто луѓето остануваат во врска во која не се среќни? Дали е причината стравот од промена или стравот од самотија?

Страста исчезнала, се станало само рутина и едноставно го нема „она нешто“ што ја прави врската. Сепак луѓето и понатаму остануваат заедно.
Иако вие сте можеби помеѓу оние кои не се препознаваат во горенаведениот опис, сигурно познавате некој кој се наоѓа во ваква врска.

Студијата објавена во магазинот „Актуелна психологија“ се обидела да пронајде одговор на ова прашање.

Во истражувањето спроведено во Минхо универзитетот во Португалија, учествувале 1000 луѓе кои биле ставени на тест да се замислат себеси во хипотетички брак без љубов. Дали би останале во него или не.

Испитаниците биле поделени во четири групи, а секоја од нив добила поинакво сценарио.

-На првата група и било речено дека се во несреќен брак, тие биле контролни субјекти.
-На другата им било речено дека се во брак само една година.
-На третата и било речено дека заедно купиле куќа, па вложиле многу финансиски сретства во бракот.
-На четвртата и било речено дека вложиле многу труд да го спасат хипотетичкиот брак.

Резултатите откриле дека 35% од луѓето кои вложиле пари или труд би останале во бракот со својот партнер, но само 25% од испитаниците од првата и втората група рекле дека би останале во брак, додека останатите не го сакале тоа.

Тие го нарекле тоа „ефект на длабок трошок“ кој значи дека ако чувствувате дека не сакате трудот или парите кои сте ги вложиле во бракот да бидат „залудно изгубени“, тогаш ќе останете во брак, затоа што тие две нешта денес се ценат повеќе од среќата и љубовта.

Прегледи:
567
Објавено на:
07.03.2020