Категории

Зошто луѓето враќаат на доброто со зло?

Луѓето само ги затвораат очите пред добрите намери, зошто е тоа така, оваа мудра приказна ќе ви го даде одговорот.

Некогаш одамна, млада девојка во солзи затропала на вратата на стариот мудрец, и му ја раскажала својата приказна.
„Не знам како да продолжам со својот живот“ – со треперлив глас рекла. „Целиот живот се однесувам кон луѓето онака како што сакав да се однесуваат кон мене. Бев искрена, им го отворив моето срце, го повикав секого внатре.. Кога и да можев, се обидував да направам добро за секој, не очекував ништо за возврат, помагав на секого на кого можев. Сите ме повредија, ме уништија, ме навредуваа, едноставно сум уморна. Кажете ми, ве молам, што можам да направам?“
Мудрецот трпеливо слушал, и потоа и го дал својот совет:
„Соблечи ја твојата облека, и прошетај по улица потполно гола“ – мирно рекол мудрецот.
„Простете ми, но не сум паднала толку ниско. Веројатно се шегувате? Ако го направам тоа, сите ќе ми се потсмеваат, Бог ќе ме суди..“
Мудрецот наеднаш станал, ја отворил вратата и ставил огледало на столот.
„Срамота е да се прошеташ гола, но од некоја причина не ти е срам да ја разголиш својата душа пред целиот свет. Ја држиш отворена како оваа врата. Пушташ внатре кој ќе стигнеш. Твојата душа е огледало, затоа можеме да ја видиме нашата рефлексија во другите луѓе. Нивните души се злобни, баш како грдата слика која ја гледаат кога ќе погледнат во твојата чиста душа.
Тие немаат ни сила ни храброст да признаат дека си подобра од нив, и тие се оние кои треба да се променат.“
„Што треба да направам? Како да ја променам оваа ситуација во која се наоѓам, кога во суштина, ништо не зависи од мене?“ – прашала прекрасната девојка.
„Дојди по мене, имам нешто да ти покажам. Погледни, ова е мојата градина.
Ги наводнував и се грижев за овие прекрасни цвеќиња со години. Да бидам искрен, никогаш не бев сведок на цветањето на пупките. Се што гледам се само прекрасните цветови, и нивната убавина и мирис.
Драго дете, учи од природата. Погледни ги овие убави цветови и направи го тоа што тие го прават – внимателно отворај го своето срце спрема другите, така што никој нема да забележи. Отвори ја својата душа спрема добрите луѓе. Оттргни се од оние кои ги корнат твоите ливчиња, ги фрлаат на земја и ги газат. Тревата не ти е ни до колена, немој да се обидуваш да им помогнеш. Се што некогаш ќе бидат во тебе е само нивната рефлексија.“

Прегледи:
747
Објавено на:
21.12.2019