Категории

Зошто мажите изневеруваат?

Неверството во врска или брак денес е честа појава. Од кога да се биде верен стана слабост? И зошто мажите се одлучуваат да ги изневерат своите партнерки? Откријте кои е се причините за тоа.

Денес можеби е лесно да се впуштите во афера за разлика од порано, причината за тоа можеби се крие во тоа што веќе стана секојдневие и никому веќе не му е чудно. Сите можеме да сложиме дека подеднакво како мажите, и жените се склони кон неверство. Но кога се во прашање мажите, поголемиот дел од жените денес се жалат дека едноставно е невозможно да се пронајде маж кој не изневервува, додека жените се посклони на верност до крајот на животот.

Според истражувањата дури 60% мажи признале дека ги изневериле своите партнерки или сопруги, додека 50% од жените го признале истото. Но кои се причините за тоа зошто мажите изневеруваат повеќе од жените, еве што велат испитаниците..

Што е, а што не е неверство?

Доколку го поставиме прашањето зошто мажите изневеруваат, секој ќе рече дека одговорот е тежок и одма ќе смисли некој изговор. Но она што е вистинскиот проблем е што поголемиот дел од мажите не ги сметаат за неверство некои од овие работи:

-флертува со девојки

-разговара за сексуалниот живот со спротивниот пол

-поминува значително време со особи од спротивниот пол

-има сексуален контак со други освен со својата партнерка

-се допишува онлајн со особи од спротивниот пол

-споделува интимни детали од својот живот со спротивниот пол

Кои се причините поради кои испитаниците се одлучиле да ги изневерат своите партнерки?

Несигурност
Мажите изневеруваат затоа што се несигурни. Мажите кои имаат тенденција да изневеруваат најчесто тоа се должи поради тоа што не се сигурни во своите чувства спрема своите партнерки. Тие се несигурни и во себеси, се плашат дека партнерката ќе ги изневери прва, па се одлучуваат да ја „надмудрат“ така што тие ќе го направат првиот чекор кон изневерувањето.

Прифаќањe
Доколку мажот се движи во околина каде изневерувањето е прифатено, било да се работи за блиското семејство каде таткото ја изневерил неговата мајка или обратно, или неговите блиски пријатели го прават истото, тој смета дека тоа е нормално, па мажите во такви околности се по склони кон неверство отколку останатите.

Огорченост
Мажите кои чувствуваат дека нивните партнерки не ги ценат доволно и дека во врската не вложуваат исто колку и нив се посклони на неверство отколку останатите. На тој начин тие се обидуваат да го пополнат своето его и недостатокот на вредност која ја имаат во врската со својата партнерка па со тоа сметаат дека ќе му дадат до знаење дека можат лесно да ги заменат своите партнерки.

Прегледи:
587
Објавено на:
13.09.2019