Категории

Зошто не смеете да пиете кафе навечер доколку сакате да изгубите килограми?

Прекумерната телесна тежина може да доведе до проблеми со здравјето, дури и до предвремена смрт, а причината за дебелеење може да биде и сеојдневната рутина.

Кога ќе се запознаете со причините кои водат до дебелеење тогаш можете да преземете нешто за да го спречите тоа. Една од најголемите грешки е пиењето кафе доцна навечер.

Пиењето кафе навечер го пореметува вашиот сон, а не треба да го пиете 6 часа пред да легнете. Научниците укажуваат на врската помеѓу хлорогенската киселина и дебелеењето. Тоа што треба да го направите е кафето во доцните часови да го замените со некој чај од билки или уште подобро со топла вода. Експертите велат дека пиењето 5 и повеќе шолји кафе дневно доведува до насобирање на масно ткиво во пределот на абдоменот. Од дебелеење не се поштедени ни оние кои пијат бескофеинско кафе.

Кофеинот може да доведе до дебелеење, но и да го отежне процесот на слабеење. Тоа е така поради тоа што кофеионот директно влијае на нивото на стрес и нивото на шеќер во крвта кое пак влијае на тежината. Кортизолот го отежнува слабеењето. Некои луѓе додаваат премногу млеко во кафето, но и шеќер па со тоа само ја влошуваат ситуацијата.

 

 

 

Прегледи:
668
Објавено на:
04.06.2018