Категории

Зошто постои сексот?

Зошто воопшто постои сексот доколку организмите кои се клонираат трошат помалку време и енергија е прашањето коешто долго ги мачеше научниците и на кое конечно одговорија експертите од универзитетот во шкотски Стирлинг, чија студија е објавена во списанието Royal Society Proceedings.

Популацијата кои се клонираат потполно се женски и за репродукција не им е потребен припадник на другиот пол. Таквите организми секогаш побрзо се репродуцираат од оние кои тоа не можат да го сторат без секс.

Иако некои животински и растителни видови можат да се репродуцираат без полов контакт, како на пример комодските варани, морските ѕвезди или бананите, сексот и натаму е доминантен начин на репродукција во светот на природата.

Научниците знаат дека сексот овозможува мешање на гените, што на видовите им ја дава можноста за побрза еволуција и прилагодување кон промените во природната средина. Меѓутоа, за фактот сексот да го победи клонирањето како стратегија мора да постои мора да постои голема полза веќе за следното поколение, сметаа научниците.

Било тешко оваа теорија да се докаже, бидејќи повеќето организми или потполно се размножуваат со клонирање или само со секс, па не е лесно да бидат споредени.

Затоа, научниците од Стилринг со иновативен пристап го испитувале видот кое тоа го може и на двата начина, а тоа е водената болва. Утврдено е дека овој потомството на овој организам коешто било плод на полово размножување повеќе од двојно е поотпорно на инфекции од „браќата и сестрите“ кои на светот дошле со клонирање.

„Едно од најстарите прашања во еволуциската биологија беше зошто сексот воопшто постои кога зема толку многу време и енергија“, вели др Стјуард Аулд, од природонаучниот факултет во Стирлинг.

„Сексот го објаснува постоењето на опашот на паунот, роговите кај еленот, танцот на мажјакот на рајската птица или гривата на лавот. Но кога, на пример, едена женка од кој и да е од тие видови би можела да се размножува самата, нејзините младенчиња би дошле на свет додека другите женки би ‘губеле време’ чекајќи мажјаците да се истепаат за нив. Па зошто тогаш не сме окружени со организми кои се клонираат?“, прашува научникот.

„Споредувајќи го потомството на водената болва, стана јасно дека постојаната потреба од избегнување на болестите може да објасни зошто сексот опстанал во природата“, заклучува.

Извор: Макфакс

Прегледи:
357
Ознаки:
·
Објавено на:
25.12.2016