Категории

Зошто се појавуваат бели влакна кај младата популација

Доколку сте забележале појава на бели влакна а немате повеќе од 30 години, тоа зависи од неколку различни фактори како генетика и стрес, но постојат и други причини за нивното појавување..

Седата коса настанува поради делимичен или потполен недостаток на пигмент. Таквата косна претежно е застапена кај старите особи затоа што со текот на стареењето се напалува производството на пигмент меланоцит. Пигментот не се произведува и со тоа косата и понатаму расте без него. Сивата боја на коса која нашето око ја препознава, настанува со мешање на природно обоените влакна и белите (седи) влакна. Всушност, привидувањето на сива боја е оптичка мамка затоа што поединечна сива коса не постои – изјави еден од познатите стручњаци.


Стрес или генетика?
Повремената појава на седи влакна кај младите особи се случува поради ограничената или смалена функција на папилата, а поради силни стресови и стравови или губење на некој близок може да дојде до потполно обелување на косата преку ноќ. Познатиот стручњак на институтот за науки изјави дека генетиката исто така е важен фактор. Тој додава дека денешниот начин на живот во однос на оној порано е голем причинител поради кој младата популација се почесто страда од појавата на седи влакна. Брзиот начин на живот е особен предизвикател на стрес.

Како да се негува седата коса?
Освен сите наброени фактори, на квалитетот на косата и нејзиното прерано излегување во бела боја, влијаат различни хемикалии кои се користат за нега и третирање на косата, а денес се користат многу производи кои повеќе и штетат отколку што и помагаат. Единствениот начин косата да изгледа нормално е со помош на нанесување синтетички пигмент односно фарбање на косата. Исто така, седата коса бара посебна нега и треман за разлика од онаа која не е склона кон бели влакна, па има потреба од постојано третирање со маски и масла наменети за таков тип на коса.

Прегледи:
2317
Објавено на:
15.03.2017