Категории

Зошто толку многу го сакаме чоколадото?

Преголемата желба кон одредена храна не е воопшто ретка појава. Таа најчесто е за храната која е богата со шеќери и масти, како што е чоколадата.

Ако имате голема желба за чоколада- можно е едноставно да имате потреба за шеќер. Бројни истражувања потврдуваат дека шеќерот создава зависност. Исто така можеби сте гладни, бидејќи кога телото е гладно, се јавува зголемена потреба за едноставни јаглени хидрати (кои се наоѓаат токму во рафинираните производи-слатки, кекси, безалкохолни пијалоци итн.).

Наместо чоколада, во тие мигови би било подобро да земете храна која е богата со протеини или интегрални житарици, а сиромашна со шеќери. Чоколадата содржи мали количини на кофеин, па можеби ви се пие кафе. Доколку имате потреба брзо да се разбудите и да ја обновите енергијата- тогаш подобро е да се напете еден филџан кафе или зелен чај. Дали имаме голема желба за чоколада заради магнезиумот? – Точно е дека чоколадата е богата со магнезиум, меѓутоа, научниците сметаат дека многу малку е веројатно недостатокот на магнезиум да доведе до зголемена желба за јадење на чоколада,со оглед на тоа дека има многу намирници кои содржат високи нивоа на магнезиум- како што се оревите, лешниците, а за кои не чувствуваме често голема потреба.