Категории

Зошто треба да им простувате на сите, дури и на оние кои не го заслужуваат тоа

Вистината е дека всушност простувањето ни е важно нам. Не можеме да продолжиме понатаму без да простиме. Мораме да простиме за да престанеме да живееме во минатото.

Во детството сме биле присилени да простуваме.
На пример, кога некое дете од соседството ви ја земало играчката, тоа било присилено да ви се извини, а вие тогаш сте морале да му простите.
Но тогаш простувањето не значело ништо – сте можеле да му замерувате долго време.
Во возрасната доба, често очекуваме извинување, но во главно залудно. Ние сфаќаме колку е важно да знаеме како да простуваме и да се извинуваме и сакаме да споделиме со вас колку е важно да ја пуштите лутината.

Дури и кога луѓето се извинуваат, ние паметиме што ни направиле – тоа е дел од нашата лична потсвест. Ние ја носиме тежината на тие лоши дела целиот живот. И секоја особа која го прави овој терет уште поголем, не спречува да живееме мирен и пријатен живот.
Но, постојат луѓе кои можат да простат, дури и на оние кои не го заслужуваат тоа, затоа што тие знаат дека:

Простувањето ни помага да продолжиме понатаму
Доколку не простуваме, ние во себе држиме презир и незадоволство. Тоа значи дека таа болка ја чуваме внатре. На тој начин постојано размислуваме за случувањата кои не повредиле, наместо да се фокусираме на некои пријатни нешта.

Вие сте личност на која простувањето и е потребно
Тоа е поентата. Ние мислиме дека простувањето се однесува само на тоа кој не повредил и е дека тоа простување му го ослободува теретот од неговиот грб. Вистината е дека всушност простувањето ни е важно нам. Не можеме да продолжиме понатаму без да простиме. Мораме да простиме за да престанеме да живееме во минатото.

Простувањето е за секого
Не само за оној кој се извинува. Во спротивно, која е целта на простувањето? Силните луѓе им простуваат дури и на оние кои не заслужуваат простување, затоа што инаку таа омраза која ја чувствуваат, почнува да влијае на другите луѓе преку нивното однесување.
Тоа може да стане наша траума, наш комплекс, и може да предизвика недоверба во луѓето околу нас.

Простувањето значи отпуштање
Дури кога ќе простиме, можеме да се помириме со нашето минато на начин кој нема да и смета на нашата иднина. Кога го отпуштаме нашето минато и нашата болка, тогаш отвораме нов пат кон нови чувства.

 

 

Прегледи:
600
Објавено на:
30.01.2020