Категории

Зошто треба да му бидеме благодарни на најдобриот пријател од детството?

Луѓето најчесто велат дека најдобрите пријатели од детството никогаш не се забораваат.  

Но зошто е тоа така? Тоа е така затоа што со нив сте споделиле дел од вашиот живот и сте научиле многу еден од друг. Постојат многу работи за кои треба да им бидеме благодарни на пријателите од детството.

За тоа што ви бил најдобар пријател

Сигурно вашето пријателство започнало на првиот училишен ден, кога сте се почувствувале осамени. А наеднаш вашиот пријател ви пришол, сте започнале да раговарате и така започнало вашето долго пријателство. Кажете му на вашиот пријател колку сте благодарни што тој ден сте се запознале.

Затоа што ве поддржувал во сите луди идеи

Децата често знаат да се најдат во неволја. Но добро е што секогаш кога сте имале „одлична“ идеја која завршила катастрофално, со вас бил вашиот пријател. Не секоја одлука била добра, но барем сте имале со кого да ги сносите последиците.

За бескрајното смеење и забава

Кога сте биле со најдобриот пријател сигурно сте имале многу шеги на кои сте се смееле со часови. Никој не може да ви го подобри расположението како вашиот пријател.

Затоа што ви ги чувал најдлабоките и најмрачните тајни

Растењето со вашиот пријател значело и споделување и чување на вашите тајни. Тоа е прекрасно чувство да растеш покрај некој, со коги можеш постојано да разговараш. Затоа, бидете благодарни за тоа.

За станување дел од семејството

Сигурно во текот на детството постојано сте оделе еден кај друг на гости, на појадок, на ручек, на вечера. Така, неговото семејство станало ваше, како и вашето семејство негово. Сте оделе постојано еден кај друг и секогаш сте се чувствувале како да сте дома.

Прегледи:
484
Објавено на:
30.12.2017