Категории

Зошто вашата сестра е и вашата најдобра пријателка?

Таа е една и единствена. Со вас е во добро и во зло. Постојат ситуации кога ве доведува до лудило, но сигурни сте дека секогаш е на ваша страна. Ете затоа ви е најдобра пријателка.

# Делите многу интерни шеги и никој не може да ве насмее подобро од неа.

# Дури и кога правите нешто со што не се сложува со тек на време ќе ви прости.

# Никогаш не земате при срце кога ќе ве навреди бидејќи знаете дека тоа не го мисли.

# Ве “чита“ како отворена книга.

# Ќе биде со вас во сите ситуации.

# Ќе го сослуша секој детаљ поврзан за некој ваш проблем без предрасуди бидејќи и е вистински важно.

# Ќе ве поддржи дури и кога не сте во право.

# Од неа секогаш ќе добиете љубов.

# Секогаш знае кога не и ја кажувате вистината, тоа не можете од неа да го скриете.

# Се радува со вас кога сте среќна, плаче со вас кога сте тажна.

# Критична е кон вас, но никогаш во јавност.

# Таа ги знае вашите најголеми тајни и не ги дели со другите.

# Ви помага во сите ситуации, подготвена е за вас да оди до крајот на светот.

Прегледи:
681
Објавено на:
21.02.2020