Категории

Зошто Ви треба советник при започнување стартап?

Стартапите се секогаш доста предизвикувачки, а Вие заедно со Вашиот тим имате задача предизвикот да го трансформирате во решение.

Колку и да сте спремни Вие и Вашиот тим, секогаш ќе Ви треба советник при започнувањето.

Зошто?

Стартапите можат да се соочат со доста пречки во различните фази низ кои минувате.

Ова особено се случува во раните фази кога тимот е мал.

Со вклучувањето на советник за стартап Вие веќе сте решиле некои од проблемите.

Советниците се специјалисти со искуство, знаење и обука во одреден сектор.

Тие ќе Ви овозможат многу полесно да поминете преку тешкотиите и ќе Ви ја пренесат мудроста којашто дефинитивно ќе Ви биде од корист за понатаму.

Прегледи:
174
Објавено на:
28.08.2023