Категории

Зошто во исто време на едни им е топло, а на други им студи?

Споровите за температурата во канцеларијата се составен дел од секој работен ден. Обично тие се водат меѓу најпознатите и гласовитите претставници на мажите и жените во канцеларијата. Всушност, има научно објаснување зошто мажите и жените не можат да се разберат за температурата во канцеларијата.

Според Адам Тајлер, директор на Научниот центар за клиничка анатомија и предавач во унверзитетот во Ланкастер, главниот „виновник“ за споровите е кожата. Таа е најголемиот орган на телото и извршува повеќе функции. Една од нив е да се регулира внатрешната температура на телото пишува интернет изданието The Conversation.

И иако кожата изгледа подеднакво, таа е поинаква. Бојата всушност е најмалата, но пак најмногу забележлива разлика. Кожата има различна дебелина на различните делови од телото. Освен тоа има сериозна разлика во дебелината на кожата на мажите и на жените. Хиподермисот кој содржи масти, е два пати подебел кај жените. Мажите пак ги “складираат” мастите најмногу околу органите во стомачната област.

И иако мастите се сметаат за изолатор, тие не се особено ефикасни, особено во споредба со мускулите. Мускулното ткиво се користи од телото за генерирање на топлина. Тресењето во ладни темепретури е токму контракции на мускулите, со што се генерира топлина. Покрај тоа, тие можат да генерираат топлина и во мирување.

Мажите генерално имаат повеќе мускулно ткиво од жените. Токму затоа, најчесто мажите преферираат поладна канцеларија, додека жените сакаат да им е многу топло. Покрај тоа рецепторите за температура се во епидермисот (надворешниот слој на кожата), што значи дека подебелите поткожни масти на жените ја забавува зголемената од мускулите темпратура да ги достигне. Затоа обично на жените им треба повеќе време за да го осетат затоплувањето.
Се разбира, има и многу дополнителни фактори кои влијаат на чувството за температура, вклучувајќи дури и хормоните и географската распределеност на територијата на соодветниот човек. Индивидуалните карактерстики исто така се од значење, но во вкупниот случај горните податоци се доволни за објаснувањето за спорот за температурата во канцеларијата, прецизира Тајлер.

Прегледи:
478
Објавено на:
31.10.2016