Категории

Зошто зборуваме сами со себе?

Ако разговарате сами со себе, тоа не е знак на лудило, туку на здрав разум, тврдат британските психолози.

Ако наутро сте се разбудиле немотивирани и на глас сте рекле: „Ајде, стани и оди на работа‟, тоа не е ништо необично, посебно ако сте соочени со состојба поради која сте нервозни.

Имено, многу луѓе имаат внатрешен глас, тој кој ве води, поттикнува и пофалува, но и кој ви се смее. Тој глас останува во нашите глави речиси цело време, но повремено, а не сте свесни за тоа, таа мисла ја изговарате гласно.

Постојат неколку научни објаснувања зошто доаѓа до тоа, а во книгата „My Stroke of Insight‟ како основна причина за тоа зошто разговараме сами со себе, се наведува дека тоа не е никаков знак на лудило, туку начин на кој на мозокот му давате конкретни упатства и наредби и мозокот така станува повеќе фокусиран.

Психолозите наведуваат дека тоа е говор кој автоматски го користиме уште од раното детство. Децата, истакнаа психолозите, често зборуваат сами со себе и тоа инстинктивно, што е еден од начините на кој учат.

Меѓутоа, нашата околина, поради незнаење, како деца не замолчуваат и ни велат да не зборуваме сами со себе, токму поради верувањето дека се работи за некое нарушување.

Но, психолозите го тврдат спротивното, ако имате нешто да кажете, кажете го на глас, бидејќи токму тишината е погрешна.

Прегледи:
616
Објавено на:
16.02.2016