Категории

Зошто жените над 40 години се неверојатни

Дамата која има наполнето 40 и повеќе години никогаш нема да го разбуди саканиот за да го праша за што размислува.

Таа не се замара за тоа што во тој момент мисли нејзиниот партнер. Ако не сака да гледа фудбалска утакмица со него, таа нема да седи и да му приговара. Ќе прави нешто што сака, нешто што ја исполнува.

Жената над 40 години се познава себе си и е сигурна во тоа која е и што е, добро знае што сака и од кого истото го сака.

Малку дами повозрасни од 40 години се замараат што другите мислат за нив.

Дамата над 40 години е достоинствена. Никогаш нема да почне бучна расправија со партнерот на јавно место.
Таа е великодушна со пофалби, дури и ако мажот не ги заслужува.

Возрасната жена самоуверено ќе го запознае својот сакан со пријателките. Оваа дама не се плаши ако нејзината пријателка му се допаѓа на нејзиниот избраник, бидејќи знае дека нејзината пријателка е таа што никогаш нема да ја изневери.

Дамите со текот на годините стануваат “видовити“. Не мора да и ги признаете вашите гревови бидејќи таа веќе ги знае.

Жена над четириесет години изгледа многу добро со црвен кармин. Што не е правило со младите девојки. Откако ќе ги преболи брчките на лицето таа станува неверојатно сензуална.

Да, постојат многу причини зошто треба да ги славиме дамите над 40 години. Но за жал тоа не е взаемно. Позади секоја паметна, секси дама полна со самодоверба која ја има навршено својата 40-та, честопати стои еден полу ќелав маж со голем стомак и жолти панталони кој прави будала од себе додворувајќи и се на некоја 22-годишна келнерка.

Прегледи:
608
Објавено на:
22.05.2016