Категории

ЗОШТО ЖЕНИТЕ НАД 40 ГОДИНИ СЕ НЕВЕРОЈАТНИ

Дама која наполнила 40 и повеќе години, никогаш нема да го праша што мисли.

Таа не се интересира за тоа што во овој момент мисли нејзиниот партнер. Ако не сака да гледа фудбал со него, тоа нема да седи и да му досаѓа. Ќе прави нешто што сака, нешто што и се допаѓа.

Жената над 40 години се познава себе си, сигурна е во тоа што најдобро знае, што сака и од кого го сака.

Малку дами над 40 години ќе обрнат внимание на она што другите мислат за нив.

Дамата над 40 години е достојна. Никогаш нема да започне бучна расправија со партнерот на јавно место. Таа е дарежлива со пофалби, дури и ако мажот не ги заслужува.

Таа самоуверено ќе го запознае саканиот со пријателките. Оваа дама не се плаши, ако другарката и се допадна на нејзиниот избраник, бидејќи знае дека нејзината пријателка е онаа која никогаш нема да изневери.

Дамите со текот на годините стануваат “далекувиди”. Не треба да ги признавате своите гревови пред неа, бидејќи таа веќе ги знае.

Жена над четириесет години изгледа многу добро со црвен кармин, што не е така кај младите девојки. Откако ќе заборави на брчките на лицето, таа станува неверојатно сензуална.

Да, постојат многу причини поради кои треба да ги поздравуваме дамите над 40 години. Зад секоја паметна, секси дама полна со самодоверба, која има наполнети 40, често стои еден ќелав маж со голем стомак и жолти панталони, кој се прави будала, привлечен од една 22­годишна келнерка.

Прегледи:
540
Објавено на:
23.06.2016