Категории

ЗАШТО ДА БИРАМЕ ТАГА, КОГА СРЕЌАТА ЧЕКА ДА И ЈА ОТВОРИМЕ ВРАТАТА?

Животот е карма, истовремено и голема кучка, богатство кое некој го губи прерано или некој го има долго, а не знае да го цени.

Сите имаме наши фази, прво животни, потоа мисловни, но дали сте се потрудиле да ископате во себе и да го пронајдете богатството?

Кај сите нас го има ама не се трудиме да го најдеме. Животот не води да правиме лоши работи, но најтешко е кога нешто ќе те погоди во срце, толку силно, што ќе го чуваш засекогаш и почнуваш да се разочаруваш од себеси.

И покрај секоја болка и тешки ситуации, насмеј се, речи си дека лошите работи се случуваат ама и исчезнуваат.

Јас ќе бидам среќна, сега и секогаш, затоа што не вреди да тажиш и да се уништуваш, додека среќата ти е пред врата. Треба сам да ја пуштиш внатре.

Најтешко е да се разбере животот и неговата смисла, така викаат, но не е така. Смислата на животот е лесна, ние сме смислата, тој е наш, на сите по еден, кој можеби утре нема да го имаме, морбидно, но реално.

Доколку ние не си ја најдеме средината помеѓу нас и животот, ние сме губитници на нашиот добар живот.

И смртта е лоша, нема приговори, секој се плаши, таа на секој му создава болка, замислете, таа ни е судена на сите, денес сме тука, утре можеби не.

Денес живејте го животот, утре исто, и секој ден смејте се, без лоши и злобни намери, иако тоа беше е број еден, за жал,ЖИВОТОВ Е ЧУДЕН ЗНАЕТЕ.

Ти прави работи за кој еден ден главата од ѕид ќе си ја удираш, биди внимателен, најмногу чувај се од самиот себеси.

Самиот си свој непријател, ти одбираш, ја запишуваш твојата приказна, кажуваш кој останува кој не, ти си одговорен ако еден ден ИЗГУБИШ СЕ или НЕ ДОБИЕШ НИШТО.

Ивана Спировска

Прегледи:
459
Објавено на:
26.02.2016