Нејзиниот лик го следи феминистичкото движење, таа е освојувач и кралица, борец за слбодата и правата.. Но Емилиа Кларк за интервјуто на списанието Гламур изјави дека всушност нејзиниот вистински карактер не се разликува многу од ликот на Денерис Таргариен кој таа го толкува во мега популарната серија.
Славната актерка позираше пред објективот во прекрасни колоритни фустани од пролетната колекција на познатите брендови како Гучи, Валентино, и Марк Џејкобс.
„Понекогаш не се чувствувам доволна силна и храбра, но потоа кога ќе ја ставам плавата перика на Калиси и дозволувам да ме надополни со потребната моќ.. Постојат многу неуспеси и разочарувања но не им дозволувам да се појават на „насловната страна на магазинот“.. “
Кларк има две тетоважи, пчела на својата лева рака и морнарско јаже на својата десна рака.. „Тие изгледаат како малечки прстени“ вели таа..
Погледнете ја нејзината мини фотосесија за списанието.