Категории

Ѕвездата од серијата Игра на Тронови „Планината“ собори светски рекорд – Подигна тег од 501 кг.

(ВИДЕО) Ѕвездата на популарната серија „Игра на тронови“ Хафтор Џулиус Бјорнсон, познат и како Планина, го сруши рекордот во кревање тегови – поточно во „мртвиот лифт“.


Исланѓанецот крена неверојатни 501 килограм оваа сабота, со што го сруши рекордот поставен од Британецот Еди Хол. Тој крена точно 500 килограми во 2016 година.

Бјорнсон го пренесе моментот во живо на неговиот канал на youtube, а пред да постави нов рекорд, крена тегови од 420 и 465 килограми.

Триесетгодишниот Хафтор победи на натпреварот за најсилен човек на светот (World’s Strongest Man) во 2018 година. Исланѓанецот беше втор во 2016 и 2017 година, а трет во светот минатата година.