Категории

10 имиња кои се инспирирани од зимата и од снегот

Зимата е едно прекрасно годишно време кое се поврзува со снег, белина, Божиќ и Нова година. Воедно, тоа се и поимите кои често се инспирација при одбирање на детските имиња.

Кои се десетте имиња кои вечно се поврзани со зимата?

Никола

Ова е едно од најпопуларните имиња во светот и често го добиваат децата родени во декември. Потекнува од античка Грција, а значи „победа на народот“. Свети Никола најчесто е причината поради која луѓето се решаваат да му го дадат ова име на своето дете. Друга верзија на Никола е Нико, но и Николина.

Ноел

Прекрасниот фрацуски збор „ноел“ буквално значи Божиќ.

Рудолф

Ова е германското име на најпознатиот помошник на Дедо Мраз, Рудолф кој има црвен нос.

Габриел

Ова е одличен избор на име за момчиња родени околу Божик. Габирел бил англеот кој и навестил на Марија дека ќе го роди Исус. Значењето на ова еврејско име е „Бог е мојата сила“.

Женската варијанта на ова име е Габриела.

Кристијан

Кристијан значи следбеник на Христа, а еднакво популарна е и женската варијанта која постои од средниот век, Кристина.

Луми

Ова е фински збор за снег.

Нева

Нева има латинско потекло и значи „снег“.

Бланка

Бланка е симбол на белина, зима и снег.

Луција

На латински зборот „лукс“ значи светлост.

Елса

Во последните години ова име е популарно поради цртаниот филм „Снежното кралство“.

Прегледи:
462
Објавено на:
25.12.2021