Категории

10 интересни факти кои можеби не ги знаете за преубавата Будимпешта

Една од омилените дестинции за патување на луѓето низ целиот свет е главниот град на Унгарија, преубавата Будимпешта. 

Будимпешта е посебна во секој период од годината, па е одличен избор за да го започнете летото и да поминете сончеви јунски денови во градот на архитекрурата и забавата.

Флај Туризам за само 159 евра, со авионски превоз, ве носи на патување од соништата.

Овие 10 факти кои можеби не ги знате за Будимпешта, се само причина плус, за да го резервирате своето место.

1. Будимпешта е жешка
Буквално, бидејќи Будимпешта има повеќе термални извори од било кој друг главен град во светот. Неверојатни 70 милиони литри термална вода дневно се крева на површината. Поради топлите извори се направени десетици медицински купатила, кои датираат од римско време.

2. Будимпешта е дом на третата по големина Парламентарна зграда  во светот
Зградата на Парламентот опфаќа површина од 18.000 квадратни метри, има 691 соби, 20 километри (12,5 милји) од скалите и е висока 96 метри (315 стапки). На фасадата има 90 статуи, а за украсување на ентериерот се користеле 40 килограми злато од 23 карати. Зградата започнала да се гради во 1885-та година и Нео-Готската палата била завршена во 1902-ра година.

3. Будимпешта има најстара линија на метро во континентална Европа
По Лондон, Будимпешта го има најстариот подземен возен систем во Европа. Линијата е отворена во 1896-та година, во годината кога Унгарија ја прослави својата 1000-та годишнина, па оттука и името Милениум Андерграунд. Сè уште е во употреба како метро М1 и го поврзува центарот на градот со Градскиот парк.

4. Будимпешта е дом на втората најголема синагога во светот
И на најголемата синагога во Европа. The Dohány Street синагогата може да смести 3.000 верници, таа е 44 метри (144 стапки) висока и зафаќа површина од 2.000 квадратни метри (21.528 квадратни стапки). Синагогата била изградена помеѓу 1854-тата и 1859-тата година во неомоварски стил.

5. Будимпешта е голема за уметноста и културата
Има повеќе од 40 театри и над 100 музеи и галерии во градот. Многу концерти, фестивали и настани се одржуваат во текот на целата година, а мора да се споменат и настапите во познатата опера, која се смета дека е меѓу најдобрите оперски куќи во светот.

6. Зоолошката градина во Будимпешта е една од најстарите зоолошки градини во светот
Зоолошката градина во Будимпешта ги отвори своите врати во 1865-та  година, и претставува една од најубавите во светот.

7. Најсветото место на исламот во северот е во Будимпешта
Тоа е погребното место на еден турски дервиш, наречен Гул Баба, кој дошол во Унгарија за време на турската инвазија во 16ти век. Тој беше почестен како светец и по смртта во 1541-ва година неговиот гроб во Буда стана исламско свето место и место на аџилак. Капелата, изградена помеѓу 1543-та и 1548-ма година, е една од ретките преостанати турски градби во Будимпешта.

8. Будимпешта е дом на еден од најголемите музички фестивали во светот
Околу 400.000 луѓе од целиот свет доаѓаат на фестивалот Сигет секој август. Неделната прослава на музиката е именувана по островот Shipyard каде што се одржува фестивалот.

9. Будимпешта е најголемиот град во Унгарија
20% од унгарското население живее во Будимпешта. Значи, секое петто лице во Унгарија е од Будимпешта.

10. Будимпешта не беше отсекогаш главен град на Унгарија
До 13 век, Esztergom, каде се случило раѓањето и крунисувањето на Св. Стефан, првиот крал на Унгарија, бил главен град на Унгарија. По монголската инвазија во 1241-1242 година, кралот Бела IV го преместил Кралското седиште во Буда, барајќи заштита. Денешната Будимпешта е основана во 1873-та година, со приклучување на три града: Буда, Пешта и Обуда (Стара Буда).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159€/ 9.860.00 мкд.
За уплата до 31.03
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авиокарта на релација Скопје Будимпешта Скопје
– Аеродромски такси
– Трансфер аеродром хотел аеродром
– Сместување во хотел 3*** во Будимпешта на база 3ноќевања со појадок.
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

Тука може да ја видите целата програма и организација.

Прегледи:
2010
Објавено на:
17.04.2018