Категории

10 интересни факти за планетата Сатурн кои не сте ги знаеле

Сатурн е шестата планета од Сонцето. Таа е втора најголема планета во нашиот сончев систем, веднаш по Јупитер. Таа е единствена на која оддалеку ѝ се гледа прстенот. Ја завршува својата орбита околу сонцето за 30 Земјини години, а се врти околу својта оска за 10 ипол часа. Ова се основни работи за Сатурн кои сигурно ги знаете од основно училиште, но Сатурн има многу повеќе занимливости околу неа, освен прстенот :)

1. Како и повеќето видливи небесни тела низ Млечниот пат, Сатурн е именувана по Римски бог. Римскиот бог Сатурн бил богот на земјоделието, а подоцна станал и бог на времето.

2. Поради брзината со која родира околу сопствената оска, Сатурн пополека се одормува како рамна палачинка. Научниот термин за ова е „израмнет сфероид“. Овој феномен е сличен на тоа што се случува на најекстремните делови од земјиниот екватор, но кај Сатурн е далеку повидливо.

3. Сатурн би пловел во вода. Би била потребна огромна количина на вода за да се стави овој џин, но, теоретски, кога би се ставил во вода, би пловел. Тоа е така бидејќи Сатурн има најмала густина од сите планети во нашиот систем, обратно пропорционално од неговата големина.

4. Факти за Сатурн за деца: прстенот околу Сатурн не е една солидна структура, туку е составен од многубројни парчиња карпи, прав и мраз.

5.  Прстенот на Сатурн е всушност многу интересен феномен. поради оската, и Сатурн е малку накривен, како Земјата. Тоа значи дека некогаш може од Земјата да се набљудува и да му се гледа целиот прстен, а друг пат не се гледа, но затоа се гледаат месечините.

6. Сатурн е опкружен со многу месечини, вкупно 62. Најзабележлива е Титан, месечина со карпеста површина покриена со мраз.

7. Кога сме кај Месечините, пред стотици години, Галилео погрешно ја гледал формата на планетата и претпоставил дека прстенот му се две месечини, заглавени за различни делови од планетата. Ова било во 1610 година, и само по неколку декади се обелоденило дека ова е погрешно.

8. Иако астрономијата има драстично еволуирано, само 4 вселенски летала од Земјата ја посетиле Сатурн. Првиот бил во 1979, а последниот во 2004. Касини, последното вселенско летало, било единствено од четирите летала кое успеало да влезе во атмосферата на Сатурн и да фати неколку фотографии од површината и прстенот.

9. Поради големината, е една од петте планети кои може да се видат од Земјата на чисто небо, без помошни апарати. Со телескоп може да се види убаво во одредени периоди од годината.

10. Титан, најпознатата Месечина на Сатурн, има доволно мала гравитациона сила што би им дозволила на луѓето да летаат.

 

Прегледи:
1217
Категории:
Занимливости
Објавено на:
25.08.2020