Категории

10 моќни цитати на Габриел Маркез кои ќе ве потсетат на важни лекции

Габриел Гарсиа Маркез бил волшебник на зборот и виртуоз на имагинацијата. Пишувал з авечната љубов, самотијата, злото и луѓето. Невозможното го правел возможно, со измислена реалност… За животот велел дека е како приказна, не е важно колку е долга, туку колку е добра.

Останал запомнет по своите дела, добрината која ја ширел, но и речениците кои и ден денес со задоволство ги цитираме. Некои од нив ги имате слушнато, а не сте ни знаеле дека се негово дело. Ви ги издвојуваме најубавите:

  1. „Не те сакам поради она што си, туку поради она што сум јас кога сум покрај тебе“.
  2. „Никогаш немојте да престанете да се смеете, дури ни кога сте тажни, бидејќи некому вашата насмевка е сѐ“.
  3. „Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе сакаат да ве повредат, но вие мора да продолжите да верувате и да одите напред, со внимавање.“
  4. „Најтежок начин некој да ти недостига е да седиш покрај него, а да знаеш дека никогаш нема да го имаш“.
  5. „Не губете време со некој на кого не му е важно дали е со вас.“
  6. „Не плачете зошто дошол крај. Радувајте се затоа што се случило.“
  7. „Не борете се премногу, најдобрите работи се случуваат кога не се надевате.“
  8. „Не се пати од секојдневните проблеми бидејќи во фантазијата биле решени.“
  9. „Ниедна личност не ги заслужува твоите солзи, а онаа која ги заслужува никогаш нема да те расплака.“
  10. „Животот е пократок отколку што мислиме.“
Прегледи:
590
Објавено на:
09.09.2021