Категории

10 одлични совети за пријатно будење и среќен почеток на денот

Ако и вие понекогаш имате потешкотии да станете рано наутро, применете ги овие 10 совети кои ќе ви помогнат да станете и да го започнете денот со повеќе енергија …

Посебно послушајте ги овие 10 добри совети кога утрата се студени и тмурни.

 

  1. Поставете аларм

Алармот е најдоброто средство кое од нашите соништа не префрла во  реалноста. Само проверете тој да не е веднаш до вашиот кревет. Ставете го на работното биро или на полица што е оддалечена најмалку еден метар од местото каде што спиете.

 

  1. Изберете звук

Изберете кој звук ви се допаѓа најмногу. Тоа може да биде вашата омилена песна која ќе ве разбуди полека или ако имате проблем со будењето, размислете за погласен аларм.

 

  1. Пијте вода

Поставете чаша вода веднаш до вашиот часовник или телефон што ве буди и испијте ја веднаш штом ќе го исклучите алармот.

 

  1. Осветлете ја просторијата

Расширете ги завесите и подигнете ги ролетните веднаш штом ќе го исклучите алармот. Нека ве разбуди дневната светлина.

 

  1. Истегнување

Истегнете се кон таванот, а потоа спуштете се до подот. На овој начин ќе го разбудите целото тело и ќе бидете подготвени за работните задачи.

 

  1. Појадок во удобна облека

Носете ги најудобните пижами додека го пиете утринско кафе или појадок. Нека ви биде удобно дури и ако не сте во кревет.

 

  1. Слушајте музика и гледајте телевизија

Веднаш штом ќе ги отворите очите, пуштете ја омилената музика или гледајте ја утринската програма. Пуштете нешто што ќе ве раздвижи.

 

  1. Не заборавајте на утринските ритуали

Во суштина, утринскиот ритуал на секоја личност е топло кафе или чај кои ќе ве отргнат од соништата.

Не ги прескокнувајте вашите утрински ритуали, бидејќи тие се одлични сојузници во будењето.

 

  1. Угодете си себе си

Откако ќе го исклучите алармот, ќе ги истегнете телото и мускулите и ќе го испиете кафето, ви предлагаме да си угодите со топла бања.

 

  1. Подгответе ги работите и облеката во вечерните часови пред спиење

Дали ја подготвивте гардеробата за на работа за следниот ден? Овие мали ритуали што ќе ги направите пред спиење ќе ве спасат од утринско брзање.

Прегледи:
595
Ознаки:
· ·
Објавено на:
27.02.2020