Категории

10 причини зошто да патувате сами во дваесеттите години

Ако сѐ уште не сте убедени дека треба ова лето да патувате сами, оваа листа сигурно ќе ве убеди…

1. Нема друго време како сегашноста

Пред да навлезете во сериозните води на возрасните (деца, хипотеки, бракови), сега е вашата шанса да патувате и истражувате. Само помислете – бескрајната слобода, недостатокот на финансиски грижи и флексибилноста да патувате каде што сами ќе одлучите.

2. Сега можете да си дозволите да патувате

Повеќето луѓе претпоставуваат дека патувањето мора да биде скапо, но тоа не е секогаш така. Можете да патувате само со еден ранец на вас и да откривате егзотични места и поинакви култури, особено затоа што хостелите се навистина евтини.

3. Ќе пораснете повеќе преку патувањата

Преку патувањата се учат важни животни лекции. Покрај тоа, ќе се збогатите со нови искуства, доживотни пријателства и нов поглед на светот.

4. Ќе запознаете неверојатни пријатели

За време на патувањата, ќе налетате на неверојатни луѓе кои ја делат вашата пасија за авантурите и животот. Со слободата да истражувате нови дестинации, со безбедноста на припаѓањето во одредена група, ќе имате помалку грижи патувајќи сами.

q2

5. Ќе имате одлични приказни за раскажување

Разговорите можат да станат навистина досадни ако зборувате со истите луѓе за истите работи. Вака ќе имате неверојатни приказни за раскажување, а вашите пријатели дома ќе се слушаат со воодушевување.

6. Ќе ги надоградите вашите социјални вештини

Сѐ уште се дружите со истите пријатели кои ги запознавте во средно или на факултет? Патувањето во вашите 20-ти години ќе ве натера да запознаете нови луѓе, да започнувате разговори и да излезете од вашата комфортна зона.

7. Никогаш нема да зажалите за тоа

Никогаш нема да ги гледате фотографиите од вашите патувања и да помислите “не требаше да го направам тоа”.

q3

8. Ќе ја цените вашата независност

Кога патувате сами, во овој особено важен дел од вашиот живот, ќе почнете да ги развивате вашите вештини, да ги откривате вашите силни страни, како и слабостите, и ќе можете полесно од вашите врсници да се “пронајдете себе си”.

9. Ќе почне да ви недостасува домот

Ако се чувствувате малку здодевно со вашата работа/пријатели/семеен живот, ова е можноста да избегате од сето тоа и да си дозволите да поминете квалитетно време со самите себе си. Сигурни сме дека после тоа ќе почне да ви недостасува домот, па повеќе ќе се радувате на вашата околина откако ќе се вратите дома.

10. Ќе научите да располагате со вашите финансии

Ако не сте доволно добри во регулирањето на вашите месечни финансии, патувањето е одлична можност за да научите како да располагате со вашиот буџет. Планирањето на трошоците за храна, сместување, превоз… ќе направат да се чувствувате поодговорно.

Бонус: Ќе имате неверојатен Инстаграм профил!

q4

Прегледи:
376
Објавено на:
02.08.2016