Категории

10 причини зошто свадбата во зима е идеален избор!

Свадбата е еден од најубавите моменти во животот на секој од нас кој се памети засекогаш. Измешани емоции, еуфорија, радост, солзи – сето тоа се доживува на овој ден. При подготовките за овој посебен ден, секогаш обрнуваме внимание на локацијата, како и на периодот од годината за одржување на венчавката. Секое годишно време има свои предности, а зимата е најромантичниот период од годината кој со себе носи посебна магија. Еве зошто зимата е идеален избор за вашата свадба!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


1. Можете да го изберете ресторанот што го сакате, а не тој кој што не е резервиран

Зимата ви нуди многу можности, а најважно од сѐ, може да го изберете терминот кој отсекогаш сте го посакувале во ресторанот кој ги исполнува сите ваши услови и замисли. Хотелот Континентал ви нуди на располагање шест затворени сали, совршени за прославување на вашите најсреќни моменти како и дури шест мениа прилагодени на вашите потреби кои нудат голем број на специјалитети и богат избор на храна.

2. Нема потреба да се грижите дали вашата шминка и фризура ќе издржи до крајот на вечерта

Поради топлото време, летните и пролетни свадби честопати знаат да претставуваат проблем за пминката и фризурата на невестата за која е особено важно да блеска на овој ден. За среќа, доколку изберете вашата свадба да се одржи во зима, временските услови се на ваша страна кога станува збор за изгледот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


3. Фотографиите од вашата свадба ќе бидат волшебни

Романтични, магични фотографии кои ќе изоблуваат со нежност, а фокусот ќе биде на вас. Зимскиот снег и убавиот пејзаж ќе создадат романтична атмосфера каква што отсекогаш сте посакувале да има на вашите свадбени фотографии. Доколку го изберете Хотелот Континентал како идеална локација за вашата свадба, добивате бесплатно снимање и фотографирање на вашата свадба како и покани за гостите.

4. Можете да експериментирате со вашата венчаница

Во овој период од годината сѐ е дозволено кога станува збор за вашиот изглед. Венчаница со долги ракави, или пак на прерамки, онаа која суптилно го открива вашиот грб или пак целосно затворена – изборот е ваш. Секој изглед на венчаница е соодветен за во зима. Затворените сали во Хотелот Континентал располагаат со најдобри услови за да се чувствувате прекрасно на вашиот ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


5. Сите ваши пријатели многу повеќе присуствувале на летни свадби, но свадбата направена во зима со сигурност ќе ја запаметат како поинаква

Бидете поразлични, подгответе свадба за која ќе се зборува во еден поинаков амбиент соромантична атмосфера.

6. Поголема е веројатноста сите поканети гости да присуствуваат на вашата свадба бидејќи во лето сите планираат да одат на годишен одмор

Еден од најголемите проблеми на свадбите во летните периоди, како за невестата и младоженецот, така и за гостите се годишните одмори. Секогаш некој откажува поради веќе испланиран одмор, а тоа ви создава дополнителни грижи околу организацијата. Во зима воопшто нема да се оптеретувате со овој проблем.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


7. Зимска свадба е одлична бидејќи можете да испланирате некоја егзотична дестинација за вашиот меден месец

Зимата е најсовршениот период за посета на некоја егзотична дестинација. По завршувањето на свадбата можете веднаш да се упатите на вашиот меден месец.

8. Една од предностите на зимска свадба е тоа што можете да го изберете датумот кој што го сакате, а не тој што е слободен.

Во овој период од годината, на располагање ви се поголемиот дел од датумите, дури и доколку резервирате подоцна. Јавете се уште сега во Хотел Континентал и закажете го вашиот омилен датум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


9. Амбиентот во ресторанот ќе биде романтичен 

Како што веќе напоменавме, зимата со себе носи посебна магија, а таа се пренесува и на свадбата. Свеќи, снег, многу љубов – сѐ што е потребно за почеток на една љубовна приказна. Хотел Континентал ви нуди шест различни сали кои што ќе во воодушеват со својот амбиент, капацитет и сите поволности кои ги нудат.

10. Нема потреба да се грижите за времето

Дали ќе врне дожд или пак снег, тоа воошто не треба да ве засега. Вашиот фокус ќе биде на создавање совршена свадба во затворен простор кој е идеален за сите временски услови. Салите на Хотел Континентал се прилагодени за сите услови.

Резервирајте го вашиот ден од соништата во Хотел Континентал на телефоните: 02/ 3133 333, 072/ 217-739 и 071/ 243 749.