Категории

10 РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ НАПРАВИТЕ ПРЕД БРАК

Има неколку работи што секоја жена мора да ги направи пред да стапи во брак. Ова ќе ви помогне да бидете сигурни во тоа што го правите и дека ги имате сите потребни алатки за среќна долгогодишна врска.

Сите ние имаме потенцијал да создаваме долговечни и среќни врски само доколку прво поработиме на себе. Без ова предизвиците на животот многу полесно ќе ве извадат од колосек и ќе го разништаат вашиот брак. Ова се десет позитивни навики кои секоја жена треба да ги поседува за подобро да се справи со предизвиците кои доаѓаат со бракот.

Поработете на самодовербата

Бидејќи станува збор за љубов најпрво мора да забележите колку ви значи како партнерот ве доживува. Ова може да биде опасно затоа што тогаш им ја предавате контролата и тие диктираат како вие се чувствувате. Исто така ова може да доведе до преголема зависност од партнерот и љубомора.

Она што треба да го знаете е тоа кои навистина сте вие, која е вашата цел во животот и да се гордеете со тоа. Кога сте целосно опседнати со вашиот изглед и се потпирате на тоа како основа за вашата врска, тогаш цело време ќе се грижите дека стареете и ја губите убавината. Сепак, кога знаете дека сте добра личност и дека токму поради тоа ве сака вашиот маж, ќе се чувствувате посигурни и нема да се плашите од староста.

Одржувајте го вашето тело здраво

Доколку цело време се грижите дали изгледате добро, мислите дека сте дебели или пак гледате фотографии посакувајќи да изгледате како некој друг тогаш не сте подготвени да се нурнете во брак. Маркетинг компаниите ни всадија идеи во главата дека мажите сакаат многу слаби девојки. Ова не е точно.

Всушност, мажите сакаат самоуверени, здрави жени кои се задоволни од својот изглед, а не жени кои пробуваат да бидат нешто што не се. Морате да го засакате вашето сопствено тело.

Имајте цврсти пријателства

Пред да стапите во брак, мора да имате пријателки со кои ќе зборувате за сè. Буквално за сè. Како што се тие тука за вас, така и вие треба да сте секогаш достапни за нив. На жените им се потребни ваквите „групи за поддршка“ со кои можат да споделат какви било проблеми. Секако дека мажот ви е огромна поддршка, но не се потпирајте само на него. Поминувајте доста време со вашите пријателки затоа што кога ќе ги слушнете нивните проблеми и совети многу полесно ќе можете да се справите со сопствените.

2

Обратете им внимание на вашите опсесивни навики и зависности

Многу жени не сакаат да зборуваат за ваквите проблеми, но нивното решавање е многу важно. Трошите премногу пари на облека? Или пак пиете чашка, две повеќе од што треба? Доколку чувствувате дека не можете да си го контролирате однесувањето на каков било начин, тогаш не сте подготвени за брак. Доколку сакате долгогодишен брак осврнете се кон решавање на овие проблеми, па секако може и да побарате стручна помош.

3

Поработете на комуникацијата

Доколку како пар се навредувате додека се карате, тогаш не сте подготвени за брак. Бракот се состои од љубов, безусловна доверба и поддршка, а исто така важна е и смирената комуникација. Обидете се да ја подобрите комуникацијата пред да се земете. Кога ќе го направите тоа ќе изградите и посилна врска и секако поголема почит еден кон друг. Ова исто така ќе ви овозможи и зрели разговори наместо детски караници и навреди.

Научете да раководите со пари

Не стапувајте во брак доколку сè уште не знате што правите со парите. Ќе сакате да сте сигурни дека сте ги платиле сите сметки на време и да знаете кога точно земате плата. Мора да знаете колку имате за трошење за да не се заморувате со финансиски проблеми. Зошто да не стекнете ваква навика пред брак?

Имајте стабилна кариера и јасни животни цели

Ова е исто така многу важно. Во животот ви се потребни цели кои активно ќе ги следите за да не го загубите вашиот идентитет. Не се откажувајте толку лесно од нив доколку не ви оди или откако ќе стапите во брак.  Да бидеме искрени, многу жени треба да поработат на ова.

4

Бидете независни

Мора да знаете дека ќе бидете среќни и сами, без вашиот маж. Мора да сте задоволни од сопствениот живот и кариера за да бидете задоволни и од заедничкиот. Доколку сте доволно силни да се грижите за себеси тогаш не мора да се чувствувате поневажни од партнерот. Доколку не сте среќни и барате врска или брак само за да се спасите од тоа тогаш не се подготвени. Секако дека со бракот проблемите нема да исчезнат. Најпрво треба да си ги решите сопствените проблеми.

Имајте позитивни мисли

Имате ли начин како да останете позитивни? Можеби медитирате или пак си поставувате цели кои сакате да ги исполните во текот на денот. Доколку сте позитивни полесно ќе се справите со стресот и тажните ситуации кои неизбежно ќе се случат. Ќе има безброј ситуации врз кои ќе немате контрола, како на пример вашите деца. Започнете да стекнувате вакви навики пред брак.

Верувајте во себе

Ако не верувате во самите себе тогаш не сте спремни за врска. Доколку размислувате за други луѓе и тоа како можеби би биле посреќни со нив, тогаш не сте спремни ниту за брак. Мора целосно да се предадете и да можете да бидете свои во една врска. Исто така доколку не си верувате самите нема да можете да верувате ниту во вашиот партнер. Ова значи дека треба да сте сосема искрени, без мали лаги за тоа каде одите или пак дали сте купиле облека тој ден. Ваквите лаги преминуваат во навика која подоцна создава многу поголеми проблеми.

Прегледи:
586
Објавено на:
08.06.2016