Категории

10 совети за слабеење од личен тренер кој изгубил 70 килограми

Кога Џо Бернстајн имал 25 години, неговата тежина изнесувала 154 килограми. Диетите не му помагале. Потоа тој внел неколку едноставни навики во неговиот живот кои конечно довеле до позитивни промени во неговиот изглед и чувства. Денес Џо работи како личен тренер и им помага на луѓето да направат подобар избор со цел да водат поздрав начин на живот.

Вака изгледал Џо порано, а неверојатните резултати по внесувањето на едноставните животни навики се повеќе од очигледни.

Ова се неговите правила кои ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот изглед, но и начин на размислување…

1. Престанете да пиете калории

Тоа значи дека треба да одбегнувате да пиете газирани пијалаци, сокови и ледени чаеви. Дури и ова да биде единствената навика што ќе ја прифатите, ќе изгубите 22 килограми за 3 месеца. Понекогаш не сме ни свесни дека преку течностите можеме да внесеме дури 2.000 калории дневно.

2. Заборавете на готовите оброци од продавница

Наместо тоа, на работа понесете здрава, домашно приготвена вкусна храна.

3. Поминувајте помалку време во автомобил

Велосипедот ќе ви помогне да си посветите време само за себе и ќе ги опушти вашите нерви. Одете на работа со велосипед за да ги одбегнете гужвите во сообраќајот и ќе видите колку многу време ќе заштедите. Добиеното слободно време искористете го за вежбање и готвење здрава храна.

4. Научете да готвите вкусни оброци

И научете да уживате во готвењето. Денес е барем лесно да се дојде до безброј рецепти од Интернет. Гледајте емисии за готвење или консултирајте се со други луѓе и за кратко време ќе можете да се рамните со професионален готвач.

5. Разберете ја вредноста на природната храна

Најдобар избор се локалните, свежи производи кои ќе го оживеат вашето сетило за вкус и ќе ви помогнат да го изгубите вишокот килограми.

6. Посвојте куче

Активната утринска прошетка со вашиот четириножен пријател е најдоброто нешто што можете да го направите за да го забрзате вашиот метаболизам и да ја подобрите мозочната функција. Не е толку важно да најдете куче. Поентата е да најдете причина за да пешачите наутро и така да го започнете денот.

7. Купувајте органска храна

Ова не е поттикнато од маркетиншките предупредувања да се употребува храна која не е ГМО, туку се работи за навика која ќе ве поттикне да одбирате храна со подобар квалитет. Точно дека оваа храна може да ви се чини скапа, но кога ќе се откажете од готовите купени оброци и јадењето по ресторани, вашиот буџет ќе се врати во нормала.

8. Обрнете внимание на квалитетот на месото

Одлична идеја е да го зголемите бројот на вегетаријански ручеци и вечери, што значи повеќе зеленчук, овошје, јатки, семиња и житарки. Доколку не сте подготвени да се откажете од месото, обрнете внимание на неговиот квалитет и потекло.

9. Напуштете ја врската која ве уназадува

Откако се развел од неговата поранешна сопруга, Џо морал одново да го изгради неговиот живот и добил комплетно нов кој бил здрав и совесен. Не мора да правите радикални промени. Секој имал врска во животот која требало да ја прекине, најважно е да станете свесни за тоа и да соберете храброст да преземете нешто.

10. Променете се физички и психички

За да не дозволите тежината да се врати назад, не е доволно само да вежбате и да се храните здраво. Најважен е начинот на размислување: Од самиот почеток кога почнавте да се откажувате од лошите навики, до моментот кога почувствувате дека сте станале нова личност.

Прегледи:
628
Објавено на:
19.08.2016