Категории

10 стари верувања за привлекување на пари

Начинот на кој се однесуваме со парите, па дури положбата на која ја чуваме метлата во домот може да влијае на финансиската ситуација.. се само дел од некои верувања кои постоеле порано.

1. Кога треба да позајмите пари и да барате покачување

Покачување на плата според старите обичаи треба да се бара во среда во текот на денот, додека пак пари не треба на никого да позајмувате во вторник.

Според верувањата, наутро треба да се дава и зема заем, затоа што какви било операции со парите кои се извршуваат попладне или навечер се лоши.

Исто така треба да се трудите колку што е можно поретко да барате заем, а почесто да давате на оние кои го бараат бидејќи така ги програмирате парите да ви се врати на друг начин.

2. Платата треба да преноќи

За парите кои сте ги заработиле да ја засакаат вашата куќа, оној ден кога ќе ја добиете платата немојте да потрошите ниту еден денар. Според верувањата, парите би требало да преноќат во вашиот дом.

3. Што не треба да им позајмувате на комшиите

На комшиите не треба да им позајмувате леб или сол бидејќи парите можат да го напуштат вашиот дом и да одат кај комшиите.

4. Домашни правила за полн буџет

Пари нема да имате ако свиркате со уста во соба и ако трошките од масата ги чистите со рака.

5. Кога џебовите ви носат пари

Џебовите на облеката која виси во плакарот наполнете ја со ситни хартиени пари. Но парите не сакаат искинати џебови ниту скинати копчиња, па затоа погрижете се за тоа.

6. Старо верување за метлите

За во домот да имате пари, метлата треба да ја поставите со дршката надолу.

7. Направите триаголник од 10 денарка

Во најмалата преграда на паричникот чувајте хартиена 10 денарка свиткана во триаголник.
Исто така во паричникот треба да имате среќна монета, како на пример од првата заработена плата. Таа паричка не треба да ја потрошите бидејќи е талисман на финансиската сигурност.

8. Чувајте монети

Никогаш не го чувајте паричникот празен, во него нека има барем по некоја паричка.

9. Не ја земајте туѓата среќа

Парите добиени на коцка, како и оние кои се нечесно заработени или пак најдени не носат среќа затоа не треба да се задржуваат во вашиот паричник. Поделете ги на оние помалку среќните или брзо потрошете ги.

10. Чувајте крупна банкнота

Во домот треба да чувате барем една крупна банкнота која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари.

Ова се дел од суеверијата во кои луѓето порано верувале. Ако знаете уште некое кое сме го пропуштиле споделете го со нас во коментари.

Прегледи:
1747
Ознаки:
· ·
Објавено на:
19.11.2016