Категории

10 трикови што ќе ви помогнат да не ја миете косата секојдневно

Од искуство знаеме дека миењето на косата секојдневно е вистинска смрт. Можеби не ве мрзи или слично, но сепак тоа е уште една обврска во низата која треба да ја извршите во рок од 24 часа. А кога ќе ве притиснат обврските од сите страни, уште миењето на косата ви фали. Сепак, проблемот во секојдневното миење на косата е во тоа што е задолжително кога имате тенка коса која брзо се валка. Но, за барем малку да си го олесните животот и да не посегнувате по шампонот секојдневно, пронајдовме неколку трикови кои навистина функционираат.

1. Водете сметка за исхраната

За да остане вашата коса подолго време чиста обидете се да го намалите внесувањето на масти и пржена храна. Истото важи и за шеќерот, белиот леб и конзервираната храна. Наместо тоа, внесувајте голема количина овошје и зеленчук, млечни производи, немасно месо и ореви. На овој начин потните жлезди ќе ја намалат својата активност на минимум.

2. Користете сув шампон

Откако ќе ги откриете сите моќи на сувиот шампон, ќе се преродите. Не само што вашата коса ќе биде подолго време чиста, туку и ќе има одличен волумен и ќе изгледа погусто и појако. Ако немате сув шампон, послужете се со бебешка пудра.

3. Аксесоари за коса

Немојте да ги избегнувате аксесоарите за коса. Марами, ленти, венчиња и другите украси за коса може да го скријат фактот дека не сте стигнале да ја измиете косата. Доколку имате шишки, можете да ги измиете само нив, а остатокот од косата да го врзете и да ја украсите со интересна лента за коса. Дури и ако имате кратка коса, во аксесоарите е спасот.

4. Водете сметка за температурата на водата

Премногу жешката вода ги уништува сите заштитни слоеви на косата и кожата на главата, па потните жлезди мораат да работат уште повеќе за да го надоместат тоа. Резултат – коса која побрзо се мрси! Затоа, намалете ја температурата и уживајте во косата која е чиста и разлетана.

5. Плетенки

Косата обично се мрси кога е пуштена и вие постојано ја чепкате. Затоа, направете фризура, на пример плетенки и немојте да ја чепкате косата! Освен тоа, дури и кога е валкана, откако ќе ја сплетете, тоа помалку ќе се забележува, а како бонус ќе изгледате модерно.

6. Чешлајте ја косата пред спиење

Исчешлајте се детално пред спиење, а потоа соберете ја косата во опавче или плетенка и наутро ќе немате проблем со бушава коса која се замрсила во текот на спиењето.

7. Менувајте го местото на патецот

Кога постојано носите патец на една страна, вашата коса се навикнува и на тоа место го губи својот волумен, но и побрзо се мрси. Затоа, одвреме-навреме променете го патецот за посвеж и поубав изглед, но и за поздрава и поблескава коса која изгледа, но и навистина е чиста.

8. Заборавете на залижаните фризури

Кога вашата коса е валкана, инстинктивно сакате да ја зачешлате за да изгледа почисто. Погрешно! На тој начин ќе изгледате посјајно и помрсно, па затоа дајте ѝ малку волумен на косата и наравете некоја неуредна фризура.

9. Редовно чистете ја четката за коса

Четките и сите други работи кои ги користите за стилизирање на косата мора да бидат чисти за вашата коса да остане чиста подолго време. Четките ги собираат сите производи, но и нечистотијата од косата која понатаму само се разнесува. Сигурно веќе ви е јасен резултатот.

10. Правилно мијте ја косата

Мократа коса замотајте ја и исушете ја со стара блуза, а не со пешкир. Немојте да ја гребете кожата на главата додека ја миете косата, туку благо масирајте го шампонот во косата. Не ставајте балсам на коренот од косата, туку исцедете ја пред да го нанесете.

Прегледи:
422
Ознаки:
Објавено на:
25.04.2017