Категории

10 ЗНАЦИ КОИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СЕ ПЛАШИТЕ ОД ТУЃОТО МИСЛЕЊЕ

Како човечки суштества, се потпираме едни на други за да преживееме. Всушност, во првобитните општества на ловци и собирачи одбивањето од групата би значело смрт. Затоа не е ни чудно што не интересира што другите мислат!

Но ако дозволите ова да влијае на начинот на кој се презентирате себеси пред светот, вие го ограничувате вашиот креативен потенцијал, се отуѓувате од луѓето кои најмногу ви одговараат, ги намалувате можностите за финансиска независност, и потфрлате во откривање на вашиот вистински потенцијал.

Се плашите да ја кажете вистината

Колку често премолчувате плашејќи се дека ако кажете нешто ќе го ризикувате вашето работно место, односите со својот партнер, пријател или пак родител? Колку пати ја проголтувате вистината, а со тоа и вашиот интегритет и самопочит?

Не сугерираме да зборувате се што ви паѓа на ум. Некои луѓе се прилично се дрски користејќи го изговорот „Јас само ја кажувам вистината“. Но секогаш кога не ги изразувате своите вистински мисли му причинувате стрес на вашето тело и ја ограничувате вашата личност.

Станувате социјален камелеон

Сигурно сте сретнале некој од оние луѓе кои ги менуваат своите ставови, својот изглед, омилениот бенд или политичка партија секогаш кога се во ново друштво. Луѓето со цврста став секогаш се исти, без разлика на тоа во чие опкружување се наоѓаат.

Ако се менувате себеси за да се вклопите во различни социјални групи веројатно се плашите дека другите нема да ве сакаат поради тоа што сте различни. Понекогаш сте во право, човек не може секаде да се вклопи удобно. Но ризикот вреди, бидејќи само кога сте доволно храбри да го покажете вашето вистинско лице можете да ја најдете својата вистинска средина.

Лажете

Ако процените дека вистината е неприфатлива за околина, имате тенденција да ја развлечете, да ја задржите за себе или да излажете. Не би сакале да именуваме родови, но ова често е случај со мажите кои ја премолчуваат вистината плашејќи се дека или ќе бидат нападнати или одбиени. Ако се осмели да каже што мисли, реакцијата сигурно нема да биде позитивна. („Како мислиш таа е секси? Како се осмелуваш?“ Ви звучи познато?!)

Секако, жените исто така лажат, а мажите исто така знаат да реагираат погрешно кога ќе ја чуват вистината. Машко-женската динамика базирана на се помалку од вистина е ситуација во која сите губат. Подобро справете со вашите стравови, соберете храброст да бидете искрени и почитувајте ја вистината, но која било ситуација, без срам.

Се извинувате за се што ви се допаѓа

На пример, „Да, се уште слушам музика од 70-тите. Знам дека е глупаво”. Зацрвенети и посрамени за ова ситница, претпоставувате дека другата личност ве суди, ви се смее или прави претпоставки. Тогаш се ставате себеси во ситуација во која се согласувате со туѓото мислење иако во суштина не го делите истиот став.

Тоа е само одраз на вашиот страв. Страв дека нема да бидете прифатени. Луѓето на кои им се допаѓате ќе ве прифатат со сите ваши страни, а за оние другите ионака не треба да ви биде грижа.

Избегнувате социјални ситуации

Можеби сте интровертни, па сосема е разбирливо што големите забави со многу луѓе не се вашата најсилна страна. Но дури и интровертите имаат потреба од социјализација. Стравот е тој што успева да ве убеди дека подобро е да останете дома отколку да излезете. За да ги најдете лицата кои ќе бидат вашата блиска „заедница“ потребно е да надминете тој страв од одбивање и да престанете да се грижите дека другите нема да ве прифатат ако бидете такви какви што навистина сте.

Ги криете своите определби

Навивач сте на некој тим, а се наоѓате во градот на ривалите. Се наоѓате на модна ревија, но всушност сте личност која постојано е во спортска облека. Ако се плашите од мислењето на другите, чувствувате притисок да ја следите толпата, иако тоа значи дека ги „продавате“ вашите вредности. Освен што се ставате себеси во ситуација во која не сакате да бидете, истовремено спречувате другите кои делат слични интереси да ве препознаат и да се поврзат со вас. Никогаш не знаете кога ќе налетате на друг навивач на вашиот тим, но ако сте доволно храбри да бидете тоа што сте цело време, тоа сигурно ќе се случи.

Постојано размислувате што мисли другата личност за вас

Ако сте премногу зафатени со читање мисли на другиот, обидувајќи се да сфатите дали тоа што го зборувате е во ред, вие не сте вистински присутни во моментот. Кога ќе забележите дека постојано обмислувате што се врти во главата на другиот обидете се да вежбате присутност – задржете се во сегашноста, ослободете се од стравот, бидете тука и сега.

Се обидувате да достигнете совршенство

Имате цел и копнеж да ја исполните вашата намера до беспрекорност. Но имајте на ум, и перфекционистите имаат стравови — страв од одбивање, страв дека ништо не е доволно добро, страв од напуштање.

Фрлате сенка на себе

Помислете на сите моменти кога сте сакале да споделите нешто. Сте сакале да го извикате на цел глас! Но, не сте го направиле тоа. Бидејќи сте имале страв дека ќе звучи како фалење. Или сте биле загрижени дека некој ќе ве осуди. Или пак дека некого ќе направите љубоморен. Но со тоа само фрлате сенка на себе. А сите ние заслужуваме одвреме навреме да бидеме во центарот на вниманието кога ќе заслужиме.

Носите маски

Го расцепкувате вашиот идентитет. Се однесувате на еден начин кога сте со семејството, а сосема поинаку кога сте со колегите или пријателите. Различно се однесувате во ноќните клубови и во фитнес центрите. Кога ќе се ослободите од стравот што другите мислат за вас, ќе бидете доволно храбри да го поставите прашањето: КОЈ СУМ ЈАС? Со тоа до израз доаѓа нашето вистинско лице кое е многу поубаво, почисто и поуникатно од она зад маската.

Прегледи:
650
Категории:
Занимливости
Објавено на:
08.01.2016