Новата нумера со наслов “Беби” на атрактивната пејачка Кристина Поп и тиктокерот Душан Пауновски за само 48 часа од пуштање во етер брои голема гледаност од преку 100 илјади прегледи.
“Целиот процес на снимање на песната и спотот беше забавен и исполнет со позитивна енергија. Се одлучивме за нешто поинакво и со задоволство можеме да кажеме дека крајниот резултат е повеќе отколку што очекувавме и е во чекор со светските трендови во музиката и продукцијата. Време е да и се случи револуција на македонската музика”, велат Кристина и Душан.
Музиката и аранжманот се на Toby, додека автори на текстот покрај Toby се и Кристина и Душан. Што се однесува до спотот, снимен е на локации во Скопје и Куманово.
Уживајте во најновиот музички хит “Беби” :