5. Ветерани
Чекаат жртви да им раскажуваат за како порано ноќниот живот бил 100 пати подобар од овој денес. Обично се сметаат себеси за градски легенди или градски фаци. Тие велат дека уште се млади, но брчките, внуците, Простамолот два пати дневно и болката од вештачките вилици велат поинаку. Грчат кога зборуваат.
6. Господата
Обично студенти на правен или менаџмент, вработени во јавна администрација, синови на ситни директори. Се познаваат по розевиот џемпер на V под кој имаат розева кошула со бели пруги, црниот капут, кафените чевли. Џони и Малборо.
7. Мафијашите
Растеле со Ране, Кнеле, Кристијан, београдски асфалт (иако живеат на неасфалтирана улица на 600 километри од Белград)… Обично одат во друшво од 5-6 души, порачуваат уште толку млека со прелив за протеините. Мразат педери ама цело време се фаќаат меѓусебе за мускули. Девици се.
8. Тинејџерки
Предотерани затоа што ова им е трето излегување и се чувствуваат посебно. Сакаат друштво на малку постари машки, а се прават дека не ги познаваат нивните врсници. Збунети се кога ѓе добијат пијачка од ветераните.
9. Парови
– И кај вас што има?
– Ништо. Кај вас?
– И кај нас ништо…
Следат четири часа непријатно седење на Фејсбук во гужва.