Категории

14-годишно дете одбило 30 милиони долари за својот апарат за прва помош

14-годишниот Тејлор Розентал од Опелик во Алабама направил машина за давање на прва помош за која одбил понуда од 30 милиони долари од големите национални здравствени компании.

Тој веќе земал 100.000 долари од продажба на машината и има намера да заработи уште повеќе пари од продажба на апаратите по 5.500 долари. Тематскиот парк во САД, “Шест знамиња”, веќе нарачал 100 автомати.

Тејлор објаснил како дошол до идејата да ја направи оваа машина.

–  Секогаш кога патувавме на бејзбол турнири во Албама, забележав дека многу деца се повредуваа и родителите не можеа да најдат завој. Сакав тоа да го решам – рекол Тејлор.

Прегледи:
436
Објавено на:
15.05.2016