Во нашата земја, од 23-30.09.2018 година ќе се одржи „Европската недела на спортот“. Спортот и физичката активност ќе претставуваат национален проект, со што доделувањето на кофинансирање од Европската Комисија во Програмата ќе придонесе за развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, индивидуално и институционално унапредување и водење грижа во смисла на здрав живот на секој поединец.
Воведувањето на овој проект во Република Македонија на локално ниво ќе овозможи квалитетни активности со вредност и одржливи исходи кои ќе ја продолжат #BeActive пораката во земјата. „Европската недела на спортот“ ќе се случува низ цела Европа, а во текот на целото лето ќе се одржат многубројни активности во знакот на спортот и здравата храна.
Целта на проектот е спорт за сите возрасни категории, на сите места, во секакви услови, а крајниот ефект е остварување на идеите на Европската недела на спортот – придобивките од активностите во текот на спортската недела да имаат траен ефект, односно да останат во навиките на секој поединец во Македонија, велат од Агенцијата за млади и спорт во своето соопштение која го овозможува овој проект во соработка со Европската Комисија.
Во подготвителната кампања која е дел од Програмата на Координативното тело, согласно препораките на Европската Комисија, предвидени се изложби каде што ќе учествуваат граѓани од локалните заедници кои преку различни активности ќе го истакнат својот спортски дух како и мотивациски препораки за подобрување на професионалниот и рекреативниот спорт во Р. Македонија.
На првата изложба со почеток во 11 часот на 04.06.2018 ќе имате можност да ги погледнете уметничките дела од 4 основни училишта и 4 градинки кои ќе раскажат приказна за лично доживување на спортот. Град Скопје, општина Кисела Вода, општина Чаир и општина Карпош ќе учествуваат во оваа изложба. Главните настани се планирани во текот на „Европската недела на спортот“ која ќе се одржи од 23-30.09.2018 година, со тоа што #BeActive Night и TARTUR CALL, се од важност за учество на сите граѓани со препорака во која ќе укажеме Стоп за социјалните мрежи и враќање на спортските терени.
Во досегашниот период Координативното тело во своето работење има поддршка од 15 општини во Република Македонија, кои ќе земат учество на различни настани во текот на припремната кампања и истите имаат склучено Договор за реализација на споменатиот проект.
На изложбата ќе се прикажат уметничките дела од: Градинка пролет – општина Карпош, ООУ Димо Хаџи Димов – општина Карпош, Весели Цветови Мимоза – Кисела Вода, ООУ Партенија Зогравски – Кисела Вода, Мини фини Буџетчиња – Град Скопје, ООУ Димитар Миладинов – Град Скопје, ООУ Хасан Приштина – општина Чаир, Градинка Фидани – општина Чаир, Д-р. Златан Сремец Скопје – општина Кисела Вода.
Бидете и вие дел од оваа изложба и уживајте во уметноста на најмладите!