Категории

Која е “најопасната” година за љубовта?

Неверството е еден од најтешките удари на една љубовна врска, а во одредена возраст дури два пати сме повеќе сколони кон неверство, покажало едно истражување на Британскиот портал за пронаоѓање партнер IllicitEncounters.com, кој има повеќе од милион корисници.

”Најопасна” година за наверство е 39, што се објаснува со фактот дека оваа година за многумина претставува пресвртница во животот, некои влегуваат во криза во средните години, преживуваат втора младост или бараат нови возбудувања. Исто така, истражувањето покажало дека луѓето всушност се склони кон изневерување во последната година од која било деценија од животот (19, 29, 39, 49 или 59). А по 39-тата година, најневерна година е 49-тата година, па потоа оние кои наполниле 29.

Резултите од истражувањето покажуваат дека личностите изневеруваат за да го придобијат вниманието на партнерот, посебно ако има многу работни обврски и кариера, или доколку од него не добиваат доволно љубов и нежност. Воопшто не се плашат дали ќе бидат “фатени” затоа што сметаат дека со тоа даваат знак дека саканата личност треба да им посвети повеќе внимание, ако има љубов. Исто така, честа е и осветничката прељуба, враќање со иста мера – велат истражувачите.

Според истражувањето на Британскиот портал за пронаоѓање партнер IllicitEncounters.com, има неколку причини за неверство како на пример недостаток од возбуда во кревет(76%), добра прилика(54%),врската станала досадна(46%), повторно воспоставување на контакт со старата љубов преку социјални мрежи(28%),желба за промена(22%).

Прегледи:
419
Објавено на:
27.09.2016