Категории

Желбата за секс се намалува поради овие намирници!

Како што постојат афродизијаци – храна која го зголемува либидото, така постојат и намирници од кои желбата за сексуални односи нагло опаѓа. Некои намирници се исклучително лоши за сексуалната желба, а набројуваме некои од нив.

Соја

Сојата е одлична за организмот, но може негативно да влијае врз либидото. Кај мажите може и да го намали нивото на тестостерон, како и бројот на сперматозоиди.

Пуканки од микробранова

Иако совршено одат во комбинација со филм, пуканките од микробранова имаат негативно дејство врз сексуалниот живот. Истражувањата исто така покажале дека кај мажите го намалуваат и бројот на сперматозоиди.

 

Диетални сокови

Многу од вештачките засладувачи го намалуваат нивото на серотин, хормонот кој влијае врз чувството на задоволство, што значи и помалку уживање во сексот.

Алкохол

Алкохолот може да влијае позитивно врз самодовербата, но негативно врз сексуалната способност.

Бело брашно

Обработената храна и белото брашно не содржат речиси никакви нутритивни вредности – од нив се отстранети сите потребни витамини и минерали. На пример, во споредба со интегралните житарици, белото брашно содржи до три четвртини помалку цинк кој е неопходен за нормално функционирање на организмот.

Цвекло

Додека јадењето на цвекло при вежбање може да ја подобри функцијата на мускулите, овој зеленчук не е идеален за сексуалната функција. Консумирањето на цвекло може да го зголеми нивото на естроген во организмот, хормон кој може негативно да влијае на оние кои веќе имаат хормонски дисбаланс во телото.

Бобинки

Бобинките како што се боровницата, јагодите, малините и капините, содржат голема количина на пестицид и на тој начин можат негативно да влијаат врз сексуалната желба.

Млечни производи

Сите млечни производи можат да содржат хормон кој влијае на природното произведување на хормон во телото. Од друга страна, калциумот е добар за телото, а може и да ја подобри желбата за секс.

Флаширана вода

Постојат доста причини зошто би требале да ја избегнувате флашираната вода, а супстанците пронајдени во пластичните шишиња се најголем кривец за здравствените тегоби. Штетната хемиска супстанца бисфенол А, попозната како БПА, може да доведе до сексуална дисфункција, намален број на сперматозоиди кај мажите и јајце клетки кај жените.

Прегледи:
499
Објавено на:
15.03.2018