Категории

3 брзи вежби за смирување на стрес и грижи

(ВИДЕО) Во денешниот бурен свет често се соочуваме со секојдневен стрес. Во морето обврски, задачи, трки со време и амбиции, треба да одвоите време за себе, да направите нешто добро за вашиот ум и тело.

Кога имате напорен ден и сте загрижени, пробајте докажана техника на дишење. Вежбите за дишење најчесто се користат во јога, но можете да ги направите и сами. Одлично е што можете да ги правите насекаде, дури и на работа кога чувствувате потреба.

Секое вдишување и издишување, ако се изведе на вистински начин, може да биде тој магичен вентил што ќе ги ублажи симптомите на стрес и вознемиреност и ќе разбуди мир во вас. Ви носиме 3 ефективни вежби за дишење кои нема да ви одземат повеќе од 5 минути, а ќе влијаат позитивно врз менталното здравје.

Премотајте го следното видео до 3:10 и вежбајте дишење, ослободувајќи со секое издишување негативното и непотребното што ја оптоварува вашата душа.

Прегледи:
660
Објавено на:
17.10.2021