Категории

3 јога потези кои ќе ви помогнат да го зајакнете вашиот имунитет

Сега повеќе од кога било, важно е да го заштитите и зајакнете вашиот имунолошки систем. Од зголемување на дневниот внес на витамини и додатоци до правилно полнење на вашето тело со здрава храна, вметнувањето едноставни навики во вашата секојдневна рутина може да помогне во подобрувањето на имунитетот.

За да го унапредите вашиот велнес план и активно да ја проширите вашата имунолошка функција, основачот на ,,Love Yоgа”, Сијан Гордон Фуџикава, споделува три јога потези за да ги додадете во вашиот ритуал наутро или навечер.

„Најдобар начин да избегнете да се разболите е да ја зголемите функцијата на имунолошкиот систем. Живеењето во самотија и страв го влошува нашиот имунитет. Јадете темно, зеленчук во зелена боја, смејте се со вашите најблиски и направете ги овие три јога-движења секој ден за зајакнување на имунитетот “ , вели Сијан.

Дознајте чекор по чекор инструкции за тоа како да ја изведете секоја релаксирачка и ослободувачка вежба од велнес-гуруто подолу.

 

View this post on Instagram

 

The best way to avoid getting sick is to up your immune function. Living in solitude and fear degrades our immunity. Eat dark leafy greens, laugh with your loved ones and do these 3 yoga moves daily for an immune boost. – Sit well and bring one hand to your heart, one hand out like you are waltzing. Start to pump your breath out in kapalabhati (short sharp exhales through the nose. Don’t you worry about that inhale it’s automatic) As you pump your breath, switch hands and tap your chest, the seat of your thymus gland. This will stimulate your immune response. Practice for 1-2 minutes. – Wrap your left arm over and around your right as many times as you can into an eagle wrap. Turn your chin and fit it over your left shoulder. Lift your elbows high and swallow a few times as you breath deeply. This will flush the thyroid gland at the base of your neck. Repeat with right elbow on top and head over right shoulder. – Grab for opposing elbow, cupping the tip of the elbow into the center of the palm. Place forearms into the pit of the belly as you fold over your legs into a child’s pose. Breath deeply into the back body for 1-2 minutes. This will help detoxify your intestines and gut. – – – – – – #yoga #yogateacher #fitness #yogainspiration #homepractice #yogalife #loveyoga #mindfullness #wellness #health #fitness #fitnessmotivation #wellness #selfcare #workout #healing #yogapractice #flexibility #zoomyoga #zoomfitness #onlineyoga #katonahyoga #vinyasayoga #selfpractice

A post shared by Sian Gordon Fujikawa (@sianfujikawa) on

Чекор еден:

Седнете добро и доведете ја едната рака до срцето, едната рака раширена. Започнете длабоко да видишувате и издишувате со тоа што ќе правите остри издишувања низ носот. Додека вдишувате, префрлете ги рацете една по друга и потчукнете ги градите, седиштето на тимусната жлезда. Ова ќе го стимулира вашиот имунолошки систем. Вежбајте 1-2 минути.

Чекор два:

Донесете ја левата рака над и околу десната рака, онолку пати колку што можете повеќе во форма на орел. Свртете ја брадата и поставете ја над левото рамо. Подигнете ги лактите високо и проголтајте неколку пати додека дишите длабоко. Ова ќе ја измие тироидната жлезда во основата на вратот. Повторете го со десниот лакт на врвот и главата над десното рамо.

Чекор три:

Фатете го спротивниот лакт, така што врвот на лактот да лежи во центарот на дланката. Ставете ги подлактиците во долниот дел на стомакот додека ги преклопувате нозете во детска поза. Дишете длабоко во во оваа поза  1-2 минути.