Категории

3 најбрзорастечки стартапи во 2022 година

Дигиталната револуција стана тренд којшто ќе се задржи уште долго време. Пандемијата Ковид -19 е само уште една причина што претприемачите станаа поотпорни и покреативни во изнаоѓање стратегии за работа.

Погледнете некои од најбрзорастечките стартапи ширум светот во 2022 година коишто изобилуваат со брилијантни идеи:

1. Linktree 

Linktree е платформа дизајнирана за да им помогне на инфлуенсерите и креаторите на содржини на тој начин што тие можат да ја споделат нивната содржина преку само еден линк. Linktree ги прикажува сите содржини на креаторот во еден едноставен приказ.

2. Preply

Preply е апликација за учење јазици. Можете да изберете тутори од над 185 земји и да го научите јазикот којшто го сакате. Има околу 50 000 пријавени тутори и импресивна бројка од над 100 000 студенти месечно.

3. Labster

Како што пандемијата ни оневозможи да ја спроведуваме праксата во образованието, се појави потреба од како тоа да се изведува онјалн. Labster платформата го овозможи токму тоа, разви над 250 висококвалитетни виртуелни лаборатории за да студентите можат да експериментираат буквално на сѐ, од секвенционирање на ДНК  до третман на рак.

 

 

Прегледи:
461
Објавено на:
29.11.2022