Категории

3 најдобри баби на светот според хороскопот: Обожавани, сакани, засекогаш запомнети!

Кажете ни во кој хороскопски знак е родена вашата баба, а ние ќе ви кажеме каква е.

Водолија

Ако е вашата баба Водолија, ќе се сложите дека имате среќа! Никогаш покрај неа нема да ви биде здодевно, бидејќи таа ги раскажува најдобрите приказни на светот. Таа секогаш мајсторски ќе измисли игра со која ќе го заинтересира секое дете. Кога детето расте, бабата Водолија ќе го однесе во кино, театар, музеј, а сѐ со цел да го поттикне неговото интелектуално развивање. Бабата Водолија секогаш ќе се прилагоди на својот внук или внуци во било кој период од животот, секогаш ќе им биде најдобар пријател.

Близнаци

Бабата во хороскопскиот знак Близнаци ги учи своите внуци да бидат храбри, да не се плашат од своите желби и да имаат мислење за сѐ. Живее за моментот, се обидува да живее „до последен здив“ и своето семејство го учи да има таков став. Благодарение на ваквиот животн став, таа е секогаш добро раположена. Оваа баба се плаши од стареењето, секогаш измислува нови активности за да поминува време со своите внуци.

Рак

Бабите родени во знакот на Рак се најзгодните жени на светот. Нивната врата е секогаш отворена за роднините и пријателите. Уште како млади, тие обожаваат да поминуваат време во домот, со семејството. Раковите секогаш сонуваат за сложно семејство. На почетокот, жената родена во знакот на Рак е грижлива сопруга и мајка, а кога ќе добие внуци нејзиното срце расте уште за „два броја“.