Категории

3 нешта кои на дамите им се поважни од неговиот изглед

 Веруваме дека она што повеќето дами ги привлекува кај мажот не е поврзано само со тоа како тој изгледа ниту пак со парите кои ги заработува(има) туку со неговите карактерни особини.

1. Неговата самодоверба

Маж кој е полн со самодоверба е едноставно неодолив. Мажот кои има самодоверба може со еден поглед да ги “маѓепса“ сите дами во просторијата.

Но правете разлика помеѓу самодоверба и обична препотентност.

2. Неговата независност

Тука не мислиме на финансиската независност туку на независноста од жени. Маж кој јасно покажува дека може да живее без жени, автоматски е попривлечен од оној кој делува нервозно или осамено бидејќи нема девојка.

3. Начинот на кој се однесува спрема другите

Секоја од нас барем еднаш запознала момче кое е гласно во друштво и се однесува некултурно со келнерот или некој друг бидејќи мисли дека е поважен од другите.

Начинот на кој тој се однесува спрема другите кажува многу за тоа како ќе се однесува спрема вас.

Прегледи:
429
Објавено на:
03.07.2016