Иако пилатесот спаѓа во категоријата тренинг за релаксација, може да биде многу добар и ефикасен кога станува збор за губење на маснотии и намалување на телесната тежина.
Постојат неколку придобивки што пилатесот ги има врз нашето тело и за кои ова би било соодветен тренинг за секој од нас.
1. Воспоставува рамнотежа
Пилатесот ја враќа рамнотежата на нашето тело. Иако е важно да се тренира редовно бидејќи тогаш телото согорува калории, исто така е важно мускулите да бидат обновени со цел активно да го извршуваат процесот на согорување, поради што рамнотежата е клучот за успех кога станува збор за губење на тежината. Пилатесот вклучува балансирани вежби за време на кои сите зглобови и мускули работат правилно и под еднакво оптоварување.
2. Ја смирува психата
Пилатесот е спас за дневна напнатост и го ослободува организмот од стрес, ја намалува количината на кортизол во крвта и со тоа го олеснува губењето на тежината. Вежбите за дишење се основата на Пилатес, а правилното дишење има смирувачки ефект врз нервите. Кога за време на тренингот ќе се ослободите од стресот, ќе добиете подобра контрола врз вашиот ум и тело.
3. Го обликува телото
Со вежбање Пилатес, телото се истегнува и формира мускули. Вежбите за пилатес вклучуваат работа на сите мускулни групи, затоа овој вид на тренинг целосно го обликува телото.
4. Го подобрува држењето на телото
Пилатесот има значителен ефект врз подоброто држење на телото, што е многу важно, бидејќи влијае на вашата енергија, здравје, но и самодовербата и впечатокот што им го давате на другите. За време на истегнувањето на градите, зајакнуваат рамената, кои се многу важни за правилно држење на ‘рбетот, а со тоа се проширува капацитетот на вашите бели дробови.