Категории

4 столбови на квалитетната врска

Основата на здравата врска е: љубов, посветеност, обврска и одговорност.

Пред да се започна сериозна здрава врска, човек мора да се спознае себе си, да ги знае своите желби и потреби, што сака, а што не. Кога луѓето поаѓаат од тоа да најдат некој кој ќе ги надопони, а не од потреба, тогаш може да градат сериозна врска.

Добриот дијалот е важен за градење на квалитетна врска, изразувањето на емоциите, мислењата, но и слушањето и разбирањето на партнерот,.

Интимноста бара време, но и пауза. Важно е од време на време да го прашувате вашиот партнер како се чувствува. Да бидеш во врска не значи само сочувство туку и емпатија.

Здравите партнерства се отворени и искрени. Тие исто така веднаш ги решаваат проблемите, не ги одложуваат за утре, задутре, но некогаш е потребно да се преспијат некои расправии, а потоа кога двете страни се „најадени и одморени“ да се разговараат сериозните теми.

Балансот е важен. Колку што е важно да поминувате време заедно сами, исто така е важно да поминувате време со пријатели, семејството, па и работата и хобито. Доколку имате избалансиран однос, можете да имате креативни можности за двајцата, заедно и индивидуално. На тој начин ниту една страна нема да чувстува дека жртвувала нешто за другата страна и двајцата ќе бидете задоволни.

Сите врски растат и се менуваат. Важно е да „растете“ заедно, да бидете свесни за промените на партнерот. Транзициите не менуваат, сите носиме по некое искуство од односите со другите луѓе, но и од секојдневни и важни живнотни настани. За подобро да се минат тие промени, важна е сензибилноста и отвореноста еден кон друг. Со подржување на другата страна, се зајакнува врската.

На крај, би сумирале дека здравата врска е прифаќањето на разликите и сличностите, дозволувајќи односот да расте и да се развива во нешто ваше уникатно и заедничко.

Прегледи:
430
Објавено на:
27.07.2017