Категории

4 видови на чај за слабеење и детоксикација – го забрзува метаболизмот и ја намалува желбата за шеќер

4 неверојатно здрави чаеви, кои исто така можат да ви помогнат во процесот на слабеење, но никогаш не треба да пиете повеќе од две чаши на ден!

Губењето на тежината обично се постигнува преку внимателен баланс на исхрана и вежбање, но има и многу други начини да се забрза процесот на слабеење. Еден начин е пиење чај, но не било каков!

Зелениот чај е еден од најпопуларните чаеви во светот, веројатно го имате и во вашиот дом. Овој чај се покажа како одличен во забрзувањето на метаболизмот и побрзо согорување на маснотиите. Истражувањата покажуваат дека оние кои консумираат зелен чај можат да изгубат во просек 12 кг без драстични промени во исхраната, а за тоа се одговорни флавонидите и кофеинот.

Белиот чај спречува формирање на нови масни ќелии, ги стимулира процесите на согорување на маснотиите, го намалува апетитот. Помага за забрзување на метаболизмот за 5 проценти, што е еквивалентно на согорување на дополнителни 70 до 100 калории на ден.

„Улонг“ чајот ја намалува потребата за слатки и го регулира нивото на шеќер во крвта, го подобрува варењето и делува како природен антисептик и е одличен за здравјето заради антиоксидантите.

Чајот “Пју Ер“ е ферментиран кинески црн чај кој го намалува шеќерот во крвта, го стимулира губење на тежината, а резултатите покажуваат дека овој чај лесно симнува два килограми без вежбање и строга диета.

 

Мартин М. | Среќа.мк

Прегледи:
468
Објавено на:
04.10.2019