Категории

5 брачни потреби кои треба да се задоволат за да не дојде до развод и прељуба

Бракот не е лесен и за време на него, луѓето влегуваат во различни животни фази. И американскиот истражувач, психолог и автор на книгата „Неговите потреби, нејзините потреби: Градење брак без измама“, Вилард Хедли, спроведе експеримент во кој учествуваа повеќе од 800 парови, што ја утврди основата на успешните бракови.

Тој дошол до заклучок дека кога основните потреби на мажите и жените се исполнети во брак, тој брак функционира многу подобро и партнерите се попочитувани. Како што наведува, има 5 потреби и за мажи и за жени, некои од нив се разликуваат, а некои се слични.

Еве ги потребите.

Прва потреба:
За жена тоа е потреба за нежност, за маж е потреба за блискост. Овие две потреби се тесно поврзани, но сепак се многу различни и двете треба да бидат исполнети со цел сопружниците да бидат среќни во нивниот заеднички живот.

Втора потреба:
За жените, тоа е потреба за разговор, а за мажите, подготвеност да се забавуваат. Жената има потреба од маж да биде нејзина поддршка, па затоа и е многу важно да има добар и отворен разговор со него. На мажот му е потребна жена која не само што ќе седи дома, туку ќе биде заинтересирана да тргне во непланирана авантура со него.

Трета потреба:
Оваа потреба е иста и за мажите и за жените, а тоа е искреност. На партнерите им е потребна вистината, и во секојдневните работи и во итни случаи; и во мали нешта и во големи работи – Искреност пред се!

Четврта потреба:
Удобност! Двајцата партнери треба да се чувствуваат пријатно во својот дом и во нивната врска. Ако има некоја ситница што ве тера да не се чувствувате така, работете на тоа, во спротивно партнерот кој не се чувствува пријатно ќе го побара на друго место.

Петта потреба:
Жената има потреба од нејзиниот маж да биде стабилна поддршка, а на мажот му е потребна неговата сопруга за да му се восхитува. Најважно е дека треба искрено да му се восхитувате, дури и ако тоа е мала работа. Важно е да му дадете до знаење дека тој е вашиот херој.

Прегледи:
2612
Објавено на:
21.03.2021