Категории

5 деца од кои треба да се инспирираме за да станеме подобри луѓе

Навикнатни сме да мислиме дека децата учат од повозрасните. Секако, тоа е така за некои возрасни работи. Но, кога треба да видиме како се функционира искрено и со срцето, треба да ги послушаме децата. Погледнете неколку примери од навистина инспиративни мали дечиња.

1. Hailey Fort

9-годишно девојче кое гради засолништа како хоби. Откако се спријателила со бездомник, станала решена дека тој има право на покрив врз главата. Не ѝ требало долго за цела операција да ја преземе во свои раце. Се научила сама да работи со неколку алатки, и му изградила на својот пријател Едвард мобилна малечка куќа. Засолништето не е луксузно, но го штити човекот од студот и дождот, и има прозорци. Освен градење куќи, Хејли се грижи и за мала градина полна со храна која ја донира на бездомници.

2. Christian McPhilamy

Ова 8-годишно момче ја растело својата коса 2 години, за потоа да ја донира на организација за деца кои патат од рак или алопеција. Кристиан имал 6 години кога решил да ја расте косата, и иако децата на училиште го задевале, тој никогаш не се откажал.

3. Gracey Chafin

И Грејси ја донирала својата коса, на нејзина соученичка која била дијагностицирана со леукемија. Но, таа не прекинала тука со својата хуманост. Иницирала подигнување на средства во нејзиното училиште, и собрала над 1300 играчки, игри и книги кои ги донирала на детска болница. Оваа година го повторила подигнувањето на средства и собрала 2000 предмети. Какво амбициозно девојче!

4. Robby Eimers

Роби, заедно со својата помлада сестра и баба, секој викенд во Детроит сервираат храна на бездомници. На почеток, Роби миел коли за да може да собере пари за јадењето, но неговата големодушност го привлекло вниманието на Wal-Mart и Detroit Red Wings, па сега тие му помагаат со финансиите. Eimers фондацијата е аправена од страна на Роби, кој со помош на баба му ги храни бездомниците и се обидува да ги тргне од улиците.

5. Xavier Elliot

Ова 10-годишно детенце на своја рака го почувствувало бездомничкиот живот, па откако со семејството се ситуирале, тој почнал рачно да шие облека и да ја продава на интернет, за да собере пари за да им купува храна и други намирници на бездомни лица.

Прегледи:
594
Категории:
Хуманост
Објавено на:
25.08.2020