Категории

5 интересни семејни актвности за празничната сезона

Сезоната на празници се приближува. Ова е вистинското време да ја соберете вашата фамилија или вашите пријатели и да правите активности кои би го разбудиле празничниот дух во вас. Еве 5 интересни активности што може да ги правите сите заедно:

Правете колачиња

Печењето/правењето новогодишни колачиња е една од најдобрите празнични семејни активности што можете да ги правите со вашиот партнер или членови на семејството на која било возраст. Ако имате време, купете намирници и почнете сите заедно да ги правите и декорирате новогодишните колачиња.

Гледајте ги украсите на улиците или куќите

Спуштете ги вашите уреди и бидете целосно присутни додека пешачите или возите до најдобро осветлените куќи во градот и оставете секој да одлучи кои куќи им се омилени. Направете го вашето патување дополнително пријатно со термос топол чај и неколку празнични колачиња како закуска. Останете овде и сега: создавате спомени.

Украсете ја вашата влезна врата како подарок

Со малку хартија за завиткување и малку украсна лента, вашата влезна врата се трансформира во огромен подарок. Сите заедно, искоридирајте се и направете го ова за сите ваши врати во домот.

Гледајте новогодишни филмови

Филмовите што ги гледате со вашите деца ќе станат идни традиции за тие да ги споделуваат со своите деца. Затоа, соберете се со чинија пуканки или костени и одберете ги вашите омилени празнични филмови за ноќта која сигурно ќе го задоволи целото семејство.

Правете украси

Изработката на сопствени украси може да создаде слатки спомени што можете да ги извадите од година во година, а тие не чинат речиси ништо. Направете украси од предмети кои ги имате по дома. Забавувајте се без да трошите пари.

 

Прегледи:
266
Објавено на:
14.12.2022