Категории

5 нешта кои ги прават мажите кои се добри во кревет

Без разлика дали е добар дечко или опасен, за сите важи ова. Доколку ги препознаете овие пет карактеристики кај вашиот партнер, сметајте дека тоа е една од причините за среќата во вашата љубовна врска.

Имено, според ова истражување се заклучува дека фантастичниот однос нема само врска со умешноста и искуството, туку и со карактерот на мажот кому му го посветувате своето внимание.

1. Тој е џентлмен

Ве прашува како ви поминал денот? Го поместува вашиот стол? Се сеќава дека сте имале важен проект на работа и го интересира дали добро сте се покажале? Ви отвора врата? Добар е! Бидете сигурни дека нема да ве разочара кога ќе се изгаснат светлата.

2. Знае да ве допира

Луѓето не се допираат само кога ќе ги обземе страста. Ако ве фати за рака додека шетате, или нежно ви го допира грбот кога ве пропушта да одите пред него или ве допира во текот на романтична вечера, бидете сигурни дека тој знае што прави.

3. Свесен е дека светот не се врти околу него

За повеќето луѓе, не само мажите, во еден момент од животот престанува да важи правилото дека сами на себе си се најважни. Да, треба да се сакате себеси, но треба и да ви претставува задоволство да го направите и другиот среќен. Имајте го тоа на ум.

4. Не му се брза

Мажот кој сака сериозна врска и кој ужива во темелното градење на односот со некоја девојка, има на памет дека не треба да брза. Ќе биде внимателен и трпелив кон девојката и нема да ја тера да направи нешто за кое ќе се чувствува лошо бидејќи сѐ уште не е време за тоа.

5. Знае што да направи за да се чувствувате одлично

Оној покрај кој нема да се стегате во креветот е сигурно мажот кој ќе ја забележи секоја ситница кај вас и ќе ве пофали. Ќе се чувствувате убаво и ќе имате јасна слика за тоа колку сте привлечни, секогаш. Таква хемија гарантира ноќи за паметење.

Прегледи:
508
Објавено на:
10.10.2018