Категории

5 нешта кои веднаш треба да ги исфрлите од кујната

Како што се ближи крајот на оваа година, така е време и ние да издвоиме еден ден и да се посветиме на елиминирање на целиот прибор кој што е дотраен во кујната.

1. Пластични садови за храна кои ја промениле бојата

Ако забележавте дека пластичните садови во кои ја складирате храната почнаа да ја менуваат бојата или им се појавија дамки кои не се мијат тоа е знак дека нивниот век завршил и време е да ги фрлите.

2. Напукнати садови

Овие садови не се сигурни за употреба бидејќи можете да се исечете додека ги миете или пак некој друг член од семејството да се повреди додека ги користи.

3. Зарѓани тепсии за мафини

Мафините во овој сад не само што нема убаво да се испечат туку и ќе примат вкус на изгорено, а и нема да можете убаво да ги извадите од модлите.

4. Поцрнети кутлачи и останати дотраени дрвени лажици и мешалки

Без разлика за што и да станува збор време е да ги фрлите и да вложите пари во нов и чист дрвен кујнски прибор.

5. Се на што му е истечен рокот на траење

Во секоја кујна има нешто на што му е истечен или му истекува рокот. Прегледајте го фрижидерот, замрзнувачот, полиците, фиоките и исфрлете ги сите тие непосакувани производи.

Прегледи:
368
Објавено на:
22.11.2016